Нутриционистите и вегетаријанците долго ја сметаа сојата за здрав извoр на протеини, но преголеми количини од оваа намирница всушност може да има негативно влијание на нашето здравје, сметаат стручњаците.

Сојата содржи 40% протеини, 20% масти и 7% јагленохидрати, а остатокот е вода. Не содржи холестерол, поради што е добра опција за оние кои сакаат да го намалат неговиот внос во телото. Но, постои и негативна страна. Сојата содржи фитинска киселина, т.н. антинутриент. Тој ги поврзува минералите во телото и со тоа ја спречува нивната апсорпција.

 

Оваа мешунка содржи и некои материи кои можат да бидат причина за пречки во варењето, па од тука стручњаците сметаат дека не е добра намирница за доенчиња или за мали деца. Како и другите мешунки, и сојата содржи пурин. Тој се разложува во уринската киселина и се исфрла низ телото, но некои луѓе, како оние кои патат од гихт, имаат проблем со тоа. Уринската киселина може да се наталожи во зглобовите во облик на кристали и со тоа да ги влоши тегобите од гихтот. Од таа причина луѓето кои ја имаат оваа болест треба да одбегнуваат соја.

Нормалните, здрави луѓе можат да консумираат до 25 грама соин протеин дневно, што е околу 75 грама соја. Нејзините семки најдобро е да се консумираат ферментирани во производи, како што е соја сосот и темпехот, традиционално јадење од Индонезија. Мисото, традиционален јапонски зачин на база на соја, кој доаѓа во облик на паста, е уште еден од ферментираните соини производи. Семките за консумирање можат да се подготват и дома, така што ќе се стават во вода преку ноќ.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина