Многумина се однесуваат кон психоседативите лесно, сами на себе си одредуваат дози и ги пијат без притоа да имаат идеја кој за што служи. Еве колку сето тоа може да биде опасно.

Колку пати во последниве неколку години на работа, дома или во соседството сте слушнале како некој вели: „Имаш ли нешто за смирување, под толкав стрес сум што ќе експлодирам ако не се напијам нешто?“

За жал, не е тајна дека употребата на седативи на своја рака толку многу се има одомаќинето кај нас, што тоа сериозно го загрозува здравјето на населението. Современиот начин на живот влијае на тоа напнатостите кои се акумулираат во текот на денот да придонесат за психичка тензија и да предизвикуваат во нас константен стрес. Многумина оваа количина на секојдневен стрес многу тешко ја поднесуваат и се обидуваат да ги решат проблемите со земање таблети за смирување. Ги голтаат штом малку ќе се изнервираат, кога ќе ги изнервира шефот на работа или кога детето ќе им донесе проблеми дома или кога не можат да заспијат.

 

Бенседин наместо аналгетик

Кај нас, но и во целиот свет, лековите за смирување се користат во големи количини, честопати непотребно и без консултација со доктор. Многу луѓе се однесуваат лесно кон психоседативите, како да се работи за аналгетик кој се купува во аптека. Сами на себе си го одредуваат лекот и го дозираат, па потоа им го препорачуваат на блиските.
Интернетот само го има уште повеќе олеснато ваквиот вид на ,,самолекување,,. Таму се достапни совети од други корисници кои исто така земаат се здраво за готово. Ним им се чини поевтино и побрзо така да се ,,самолекуваат,, бидејќи не ги земаат предвид последиците се додека тие не се појават и донесат многу посложени проблеми. Најчесто, на своја рака се користат безодиазепанските анксиолитици како и поновите анксиолитици од небензодиазепански тип. Тие се одликуваат со поголема брзина на делување, различно траење на ефектот и можност да се земаат спорадично, кога кај пациентот постои потреба за тоа. Проблемот е во тоа што кај продолженото земање мора да се прилагодува дозата, а поголемата доза не дозволува работни активности, возење и слично. Новите генерации на небензодиазепанските анксиолитици исто така овозможуваат намалување на напнатоста, намалување на стравот и стресот, но делуваат и кај несоница. Поволни ефекти се чувствуваат по секое земање. За жал, многумина посегнуваат по овие лекови и кога тоа не е индицирано, што предизвикува разни здравствени проблеми.

Опасноста од прекумерна употреба на седативи е создавање на еден вид зависност, па вообичаените дози делуваат се послабо, се земаат се почесто и се преминува на се посилни препарати, што не е ни малку безопасно и може да предизвика низа психички и телесни тегоби, како што е нарушување на сонот, губење на вољата и т.н.
Сите овие лекови влијаат на психофизичката способност и пациентите мора да го имаат тоа предвид. Исто така, наглото прекинување по континуираното консумирање на лекот може да биде многу непријатно и таквата состојба може да потрае.

 

Само со надзор од доктор

 

Изборот на лек за некој пациент, неговата моментална ситуација и потреба е сериозно медицинско прашање. Тоа вклучува познавање на целокупната негова психичка и физичка состојба, но и прецизни познавања на лекот и лековите со кои докторот мора одговорно да располага, а се за доброто на пациентот. Лекарската контрола е неопходна – од дијагностиката и поставувањето индикации, преку избор на лекот, следењето на ефектите и дозирањето, се до заклучувањето на терапијата и престанување со давањето на лекот.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина