Ве стега во градите, а срцето ви бие како лудо? Чувствувате малаксаност, вртогавица и болка во градите? Веројатно имате аритмија.

 

Што се може да предизвика нарушување на срцевиот ритам и дали секој ааритмија бара посета на доктор?

 

Аритмија е неправилно работење на срцето. Може да се јави во води на одделни екстрасистоли, односно неправилни срцеви удари кои потекнуваат од комората или преткомората, или во вид на целосно неправилно работење на срцето, односно преткоморно треперење. Исто така, причините кои доведуваат до настанок на неправилен срцев ритам можат да се поделат на оние кои потекнуваат од самото срце: акутен срцев удар, воспаление на срцевиот мускул, слабост на срцевиот мускул, вродена и стекната срцева маана, и оние кои кои не поттекнуваат од срцето: нарушување на работата на штитната жлезда, нарушување на серумските електролити, како последица од операција, користење на некои лекови, стрес, инфекции, алкохол, кофеин.

 

Најчести симптоми се чувство на треперење во градите, прескокнување во срцевиот ритам, забрзан или забавена срцева работа, атипична болка во градите, каток здив, вртоглавица, несоница и губење на свеста.

 

Според местото на настанок, сите аритмии се делат на преткоморни и коморни. Во преткоморни аритмии се вбројува, покрај екстрасистолите и тахикардијата, и преткоморното треперење. Тие се манифестираат со напади на тахикардија кои започнуваат нагло, траат од пет минути до повеќе часови, a проследени се со гушење, страв и забрзан пулс. Преткоморските екстрасистоли се воглавно бенигни, често се јавуваат и кај здрави луѓе и пациентите најчесто ги препознаваат по прекокнувањето на срцето, непријатноста во градите и краткиот здив. Тие можат да бидат исто така двигател за преткоморска тахикардија, која е почеста кај постарите луѓе, дијабетичарите, оние кои имаат зголемен крвен притисок, кои имаат срцева маана или засилена функција на штитната жлезда.

 

Преткоморното треперење е најчестата аритмија која докторите ја среќаваат во својата клиничка пракса. Може да биде постојано присутна или со повремени напади на забрзано и неправилно работење на срцето. Помеѓу два напади пациентот се чувствува сосема добро. Зачестеноста на оваа аритмија ратсе со годините, а најчеста е кај мажите постари од 65 години. Бенигна е по својот ток, но малигна е според последиците. Доведува до создавање тромб во левата преткомора, па е најчеста причина за смртност кај овој вид аритмија како последица од исхемичен мозочен удар.

 

Во коморни нарушувања на ритамот на срцето спаѓаат коморните екстрасистоли, коморната тахикардија и треперењето на комораите. Коморните артимии можат да се јават кај здрави луѓе и кај болни со коронарна болест на срцето, слабост на срцевиот мускул, хипертензија, намален калиум, но и како последица од несакани ефекти на одделни лекови.

 

Коморната тахикардија е опасна по живот, а најчесто се јавува кај акутен инфаркт на миокардот и ангина пекторис. Настанува при напор и може да биде проследена со губење на свеста, на кое му претходи срцебиење.

 

Дијагнозата на срцевите аритмии се поставува врз основа на клиничи преглед, ЕКГ, 24-часовен холтер ЕКГ мониторинг, тестови за оптоварување, електрофизиолошко истражување на срцето и коронарографија. Дополнителната дијагностика подразбира ултразвучен преглед на штитната жлезда и наод од нејзините хормони во крвта.

 

Видови аритмија

 

Преткоморни аритмии

 

  • преткоморни екстрасистоли
  • преткоморна тахикардија
  • пароксизлана суправентрикуларна тахикардија
  • преткоморно треперење

 

Коморни аритмии

 

  • коморни екстрасистоли
  • коморна тахикардија
  • треперење на коморите
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина