Бројни истражувања потврдиле: колку е храната потемна, толку повеќе содржи антиоксиданси. Намирниците како што се модриот домат, виолетовата зелка, сливите, смоквите, црното грозје, боровинките и цвеклото ги намалуваат воспалителните процеси и оксидативниот стрес во организмот. Тоа значи дека го неутрализираат штетното делување на слободните радикали. A, денес знаеме дека токму воспалителните процеси се главни поттикнувачи за настанок на најтешките заболувања, како што е ракот.

 

Овие намирници се заштитници на здравјето на кардиоваскуларниот систем и системот за варење, а придонесуваат и за младолик изглед и виталност на организмот. Штитат од деменција и го чуваат здравјето на кожата и црниот дроб.

 

Со почестото  консумирање на темни овошја и зеленчуци ќе го намалите ризикот од хипертензија, зголемениот холестерол, дебелината, срцевите заболувања и дијабетесот. Темновиолетовите и темносините намирници содржат ресвератрол и антоцијанини, кои имаат силни антиоксидативни својства.

 

Цвекло

 

Интензивната црвено-виолетова боја на овој корен укажува на изобилство на беталаин, кој има антиоксидативни и противоспалителни својства. Исхраната со цвекло помага во намалување на високиот крвен притисок, штити од рак и помага при дигестивни проблеми. Изобилува со витамините A, Б1, Б2, Б6, Б12 и Ц, како и со минералите фосфор, калциум, железо, манган, јод, бакар и кобалт.

 

Виолетова зелка

 

Оваа намирница е идеална за зачувување на добрата линија – има само 22 калории. Освен белковини, јагленохидрати и влакна, виолетовата или црвената зелка, како што уште ја нарекуваат, содржи и витамини А, К и Ц и антиоксиданси, кои го намалуваат ризикот од очни болести, остеопороза, рак, срцеви заболувања и дијабетес.

 

Модар домат

 

Овој домат е богат со многу нутритиенти, па така содржи белковини, витамини A, Б1, Б2, Б6 и Ц, калиум, магнезиум, калциум, железо, фосфор, бакар и цинк. Благодарение на изобилството на калиум, модриот домат делува како природен диуретик. Богат е со влакна, па затоа стручњаците го препорачуваат и како заштита од рак на дебелото црево.

 

Благодарение на изобилството на влакна, како и на малиот уддел на јагленохидрати, модриот домат го доведува во рамнотежа нивото на шеќер во крвта, па затоа им се препорачува на дијабетичарите.

 

Виолетов кромид

 

Содржи околу 39 калории, јагленохидрати, белковини, здрави маснотии, фосфор, калциум, железо и витамини Б и Ц. Витаминот Ц го има 9%, што е дневно препорачаната количина за овој витамин, кој е важен во формирањето на колагенот и за имунитет. Покрај Ц витаминот, тој содржи и 5% манган, кој е важен за здравјето на коските и за метаболизмот.

 

Боровинки

 

Нивната темносина боја укажува на тоа дека содржи антоцијанини, кои штитат од мозочен удар, рак и други тешки заболувања. Еден филџан од ова овошје содржи 81 калорија и 4 грама влакна. Боровинките се богати со витамините Б2, Ц и Е. Тие го чистат уринарниот тракт, штитат од Алцхајмерова болест, ја поттикнуваат работата на цревата, го подобруваат видот, ги олеснуваат дишните проблеми, го намалуваат холестеролот, делуваат лековито кај гихт, остеоартритис и кај тегоби предизвикани од Ешерихија коли. Содржат и елагинска киселина, која има силен ефект против ракот. Делува така што го забавува ширењето и растот на ракот.

 

Сладок компир

 

Овој вид компир – батат, потекнува од јапонскиот остров Окинава, које познат по своите витални стогодишни жители. Кај нив, кој често консумираат виолетов батат, зачестеноста на деменцијата е помала за дури 50%!

 

Виолетовата кора на овој батат го открива богатството од нутритиенти кои се кријат во неа. Содржи антоцијанини, белковини, бета-каротен и витамини Б6, Ц и Е. Изобилува и со минералите манган и калиум. Во 100 грама сладок компир батат има околу 90 калории.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина