Мозокот на оние кои имаат проблем со булимија реагира сосема поинаку на храна кога е под стрес од мозокот на другите луѓе, тврдат психолозите од Вашингтон, чија студија е објавена во Journal of Abmormal Psyhology.

 

Во помала студија, за време на која биле скенирани мозоците на дваесет жени, т.е. десет со булимија и десет без овој проблем, истражувачите откриле намален проток на крв кај оние со булимија во делот од мозокот вклучен во самокритичното размислување. Ова откритие одговара со тврдењето дека кај овие луѓе храната е нешто како средство за одбегнување на негативните мисли за себе.

 

Булимијата обично подразбира дека личноста се прејадува, а потоа се ,,прочистува,,, преку предизвикување на повраќање. Се смета за нарушување во исхраната и за состојба во која луѓето имаат сосема искривен став кон храната и телото. Психолозите веќе долго време мислат дека стресот е поттикнувач на прејадувањето, и дека тоа имдава на овие луѓе со булимија можност да се фокусираат на храната, наместо на негативните мисли за себе. Ова е прват студија која испитувала што точно се случува во мозокот на оние со булимија.

 

Во текот на студијата, на испитаниците им биле давани идентични оброци, за потоа да им бидат презентирани неутрални фотографии со слатки и брза храна, како што се сладолед, пица и мафини. За да ги доведат во состојба на стрес, научниците потоа им давале да решаваат невозможни математички проблеми, а потоа пак им покажувале фотографии со слатки и со брза храна.

 

Тогаш им било побарани да го оценат нивото на стрес и нивото за копнеење за таа специфична храна. И, додека сите испитници тврделе дека им се менувало нивото на стрес, скенерот на мозокот покажал голем број различни резултати. Испитаниците со булимија имале намален проток на крвта во делот од мозокот под име precuneus (кој се занимава со рефлексија за себе) и тоа, додека гледале фотографии со храна, додека жените без булимија имале зголемување на протокот на крвта.

 

Сара Фишер, ко-авторка на студијата и професорка на универзитетот Џорџ Мејсон вели дека научниците очекувале дека ќе се зголеми протокот на крвта во тој дел кога ќе се вклучи самокритиката или самонабљудувањето, заедно со негативните мисли.

 

Во една друга студија, во која учествувале седумнаесет други жени со булимија, резултатот бил ист како и во првата студија. Истражувачите тврдат дека намалувањето на протокот на крвта е знак дека размислувањето за храната ги смирува негативните мисли за себе кај луѓето со булимија. Докторите веруваат дека ова откритие би можело да помогне во контролата на прејадувањето.

 

– Откривме дека не е потребно многу стрес за да се поттикне прејадувањето – рекла доктор Фишер, додавајќи – Би сакала да видам дали би помогнало некои луѓе да ги научат вештините на основното контролирање на емоциите.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина