Колач со портокал и куркума
Состојки:
- 100 гр. брашно
- 300 гр. гриз
- 1 ипол лажичка прашок за пециво
- 1 лажичка куркума
- 200 мл. млеко
- 200 гр. шеќер
- 1 ќесичка ванилин шеќер
- 100 мл. масло
- рендана кора од лимон
- неколку капки есенцијално масло од портокал
- неколку прстофати ситно сецкани ореви или лешници
Подготовка:
Најпрво шеќерот се стопува во млекото. Се мешаат другите суви состојки, па се додаваат во млекото, им се додава на крај маслото, кората од лимон и есенцијалното масло. Во подмачкан плех се истура смесата и одозгора се наросува со мелените ореви и се пече во претходно загреана рерна на 180 степени целизиусови околу половина час. По 20 мин. се проверува дали е печено.