Состојки:

За тесто:

  • 1 филџан урми
  • 1 филџан индиски ореви
  • 2 лажици какао
  • малку сол
  • 1 лажица кокосово масло

Зa фил:

  • 2,5 филџани кокосово брашно
  • 1/2 филџан кокосово масло
  • 1/2 филџан кокосово млеко
  • 1/4 филџан сируп од агава

За прелив:

  • 2 лажици какао
  • 2 лажици кокосово масло
  • 2 лажици сируп од агава
Подготовка:

Калапот за мафини намачкајте го со кокосово масло и подгответе го тестото иситнете ги ситно во блендер индиските ореви, а потоа додајте ги другите состојки за тестото – урмите, какаото, солта и кокосовото масло. Обработувајте ја смесата додека не се иситнат сите состојки, а смесата не стане леплива. Тогаш е готова. Тестото поделете го на 12 делови и распределете ги во калапите за мафини. Со вилушка направете неколку дупчиња одозгора на селк мафин и ставете ги накратко во замрзнувач.
За тоа време подгответе го филот: во миксер ставете го кокосовото брашно, кокосовото млеко, кокосовото масло и сирупот од агава и миксајте ги додека не добиете густа паста. Потоа извадете ги мафините од замрзнувачот и секој мафин намачкајте го со кокосово масло онаму каде направивте дупчиња со вилушка. Потоа одозгора ставете од филот. Вратете ги повторно во замрзнувачот.

Подгответе го преливот од наведените состојки – во сад ставете го кокосовото масло и додајте му ги какаото и агава сирупот. Ставете го преливот во вреќичка за украсување и нанесете од него врз секој мафин. Вратете ги уште еднаш во замрзнувач и оставете ги половина час за се да се стврдне.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина