И покрај истражувањата на мозокот, таа мала сива материја се уште е голема непознаница во светот. Она што го знаеме е само дека е поделен на две половини и дека доминацијата на едната влијае на карактеристиките на човекот. Во само една секунда, нашиот мозок може да формира милион нови врски. Да, милион!

 

Еден од аспектите кои научниците досега можеби и најдобро го истражиле е идејата дека светот е поделен на оние кај кои е посилна функцијата на левата, и оние кај кои е посилна десната страна на мозокот, односно на луѓе кои кон се пристапуваат првенствено рационално, односно емоционално.

 

Теоријата за ,,десен и лев мозок“ настанала како резултат на истражувањата на невропсихијатарот Роџер В. Спери, кој работел со епилептични пациенти. Неговото лекување на епилепсијата подразбирало засекување на corpus collosuma (мембраната која го дели половина од мозокот). Тоа пофикасно би го намалило бројот на епилептичните напади кај пациентите, но и драстично би влијаело на другите аспекти на нивниот живот. Имено, многумина на кои мозокот им е ,,поделен,, на тој начин, биле во можност да ги именуваат предметите кои ги обработува десната половина од мозокот, но не и предметите кои ги обработува левата страна од мозокот, и обратно. Врз основа на тие информации, Спери прво претпоставил дека јазикот е под контрола на левата стана на мозокот, а подоцна во текот на истражувањата дошол до заклучок дека секоја страна од мозокот е подобра во можноста да обработува одредени задачи.

 

Се разбира, не можеме да генерализираме и да ги применуваме правилата токму на секој поединец одделно. Имено, кај некој мозокот може да биде подобро прилагоден за изразување и читање емоции, препознавање лица и за креативност, но тоа не значи дека поради тоа левата страна од мозокот е многу послаба. Напротив. Двете страни од мозокот честопати делуваат хармонично, па мигот во кој ќе препознаете која страна од мозокот е посилна, може да биде вистинско изненадување.

 

Разбирањето на сопствените предности и слабости во одделни области може да ни помогне да развиеме некои техники, благодарение со кои можеме да бидеме поуспешни во секојдневните работи и активности или во изборот на професиите, независно од тоа која страна од мозокот е посилна.

 

Десна страна од мозокот:

 

  • личноста е подобра во експресивните и креативните задачи: во препознавање на емоциите на лицето и изразувањето емоции, како и во свирење и пеење, подобро се снаоѓа со боите, сликите и честопати е интуитивна;
  • ова се луѓе кои собираат информации најчесто на база на интуиција;
  • ова се луѓе кои се во состојба да ја согледаат целата слика на проектот уште пред тој да започне;
  • размислувањата им се често ,,нафрлени,,, без ред и логика, можат да поврзуваат нешта кои на прв поглед не делуваат поврзано. Исто така, размислуваат во слики;
  • честопати делуваат креативно, понекогаш и малку ,,лудо,,
  • тоа се неретко уметнички души;

 

Лева страна од мозокот:

 

  • личноста е ориентирана кон целта, повешта е во работи кои бараат логика, јазик и аналитичко размислување. Левиот мозок често се опишува како подобар во критичкото размислување, подобро се снаоѓа со бројки и подобро расудува. Можеби ќе откриете дека не сакате да читате фикција, и дека веројатно работите подобро сами отколку во група;
  • добри се во критичкото размислување, собирањето информации со помош на логика и смисла, размислуваат во форма на зборови, броеви и симболи;
  • најчесто ги гледаат само деловите од целата идеја и собираат информации чекор по чекор;
  • се изразуваат концизно, нумерички и со пишани формули, односно со технолошки решенија;
Тагови: мозок
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина