Крвната група е наследна и непроменлива карактеристика на луѓето. Крвната група може да влијае врз целиот наш живот, а сепак повеќето од луѓето не ја знае својата. Зошто ова треба да се промени, прочитајте во продолжение.

Крвната група дава подлабок увид во нашата генетика

Познавањето на крвната група може да ни помогне во разбирањето на тоа како нашето тело рагира на одредена храна, на кои болести може да сме склони, како реагираме на стрес, како старееме и уште многу нешта. Само една капка крв е единствена исто како и отпечаток од прст.

Значи, крвната група може да ни служи како ,,навигациски алат,, во одредувањето на тоа што е добро, а што лошо за нас и кој начин на исхрана е најдобар. Истражувањата покажале дека кај луѓето со одредена крвна група постои поголем ризик од одредени болести. На пример, кај оние кои имаат крвна група ), постои помал ризик од срцеви болести, но поголем ризик од појава на чир на желудникот.

Оние со крвна група А имаат поголем ризик од микробните инфекции. Кај жените со оваа крвна група забележана е поголема стапка на плодност. А, кај оние луѓе кои имаат крвна група АБ и Б е забележан поголем ризик од болести на панкреасот.

Крвната група помага во одредувањето најздрав начин на исхрана

Антигените (молекули кои го поттикнуваат создавањето на антителата, односно имуната реакција во организмот) во нашите крвни групи не се наоѓаат само во крвта. Тие се раширени низ целиот организам, посебно во деловите од телото кои се во интеракција со околината.

Тоа го вклучува системот на варење, од устата до дебелото црево, потоа дишните патишта и белите дробови. Со оглед на тоа дека антигените се насекаде, тие влијаат на тоа како телото реагира на храната која ја јадеме и тоа низ неколку фактори.

Познавањето на крвната група може да ни го спаси животот

Најважната причина поради која треба да ја знаеме својата крвна група е таа што таа може да ни го спаси животот во случај на сообраќајна несреќа или некои други несреќи кога ни е потребна трансфузија на крвта.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина