Многумина патат од несоница, а причините за тоа можат да бидат различни. Ако несоницата трае подолго време, може да доведе до бројни здравствени проблеми. Затоа е важно да се преземат одредени мерки со цел таа да се отстрани и да се регулира сонот. Освен редовните физички активности и избалансираната исхрана кои се клучни за здравјето, постојат и разни растителни препарати кои можат да помогнат. Исто така, постојат и одредени намирници кои можат да го подобрат квалитетот на сонот.

Млечни производи. Одлични се во случај на несоница, бидејќи ја содржат есенцијалната аминокиселина триптамин, која влијае на квалитетниот сон. Оваа аминокиселина го зголемува нивото на мелатонин и серотонин во организмот. Исто така, млечните производи се важни поради големата количина на калциум која ја имаат во себе, бидејќи е докажано дека недостигот на овој минерал влијае на тоа да не дојде до фаза на длабок сон. Поради тоа навечер пред легнување се препорачува да се испие шолја топло млеко.

Банани. Бананите се познати како богат извор на калиум и магнезиум, кои ќе ви ги отпутат мускилите и ќе ви овозможат квалитетен сон. Содржат и триптамин, па затоа добро е да се изеде една банана пред спиеење.

Овесни снегулки. Познато е дека овесот содржи големи количини мелатонин, но исто така и калциум и магнезиум, што овозможува квалитетен сон. Пред легнување се препорачува да се вечера 1-2 лажици овесни снегулки потопени во млеко.

Ленено семе. Ова семе е богато со триптамин и омега-3 масни киселини, кои ги намалуваат стресот и анкциозноста, за кои се знае дека се главни виновници за појавата на несоница. Магнезиумот во ова семе ги опушта мускулите и ги релаксира нервите. Пред спиење треба да се земе една лажица ленено семе, кое може да се изеде и со јогурт.

Интегрален ориз. Интегралниот ориз исто така може да помогне кога се работи за несоница. Тој во себе содржи типтофан и магнезиум и има релаксирачко дејство на нервниот систем.

Варен компир. Во лекувањето на несоницата исклучително добар е варениот компир, изеден за вечера. Овој оброк не го оптоварува стомакот, а во исто време ќе го прочисти телото од отровите.

Зелена салата. Намирниците кои содржат хлорофил исто така можат да бидат ефикасни во борбата против несоницата. Затоа се препорачува пред легнување да се изеде порција зелена салата, која може да се зачини со лимонов сок.

Киви. Студиите покажале дека и кивото исто така може да биде ефикасно во борбата со несоницата. Благодарение на своите антиокидантни својства и серотонинот кој го содржи, кивито може за многу кратко време да им помогне на луѓето кои патат од несоница. Се препорачува тоа да се изеде три часа пред легнување, а не директно пред одење во кревет.

Чај од камилица. Чајот од камилица е познат по своите смирувачки својства. Се препорачува да се испие пред спиење. Тој ќе ги опушти нервите и ќе делува како природен седатив.

Она кое е исто така важно е пред легнување добро да се проветри собата. Причина за несоница може да биде и задушливиот воздух во просторијата. Исто така, стручњаците препорачуваат по 16.00 да не се консумираат намирници кои содржат кофеин, како што се кафе или чоколада. Треба да се одбегнува и внесување на масти, сувомеснати производи и алкохол, како и прејадување непосредно пред спиење.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина