Активноста на гените се менува со годишните времиња, а со нив и имунитетот на човекот, докажуваат британските научници, кои тврдат дека активноста на речиси една четвртина од гените се менува сезонски.  Така, ,,зимската,, активност на гените е поврзана со побрзиот развој на воспаленија во организмот. Тоа дава можно објаснување за тоа што некои болести, како на пример кардиоваскуларните или ревматскиот артритис, имаат почесто во зима потешки симптоми. Оние, пак, родени во лето се поздрави, заклучува тимот научници од Кембриџ во Велика Британија.

Одамна е познато дека кардиоваскуларните и автоимуните болести, како диабетесот тип 1 и мултиплекс склерозата, варираат во зависност од годишното време. Научниците утврдиле дека 5.136 од 22.822 гени, кои ги испитувале, биле поактивни во текот на летото. Оваа сезонска активност на гените влијае врз клетките одговорни за имунолошкиот одговор како и за составот на крвта и масното ткиво. Добиениве резултати можат да влијаат на пристапот на лекување на дијабетесот тип 1, но и на планирање на идните истражувања. Лекувањето на некои болести може да биде поефикасно доколку биде усогласени со годишните времиња.

Родените во мај месец се помалку склони кон болести?!

Истражувачите исто така утврдиле и дека гените одговорни за одделни реакции на вакцини се поактивни во зима отколку во лето. Тоа значи дека некои програми за вакцинирање се поефикасни во зима, кога имунолошкиот систем е подобро подготвен за поквалитетна реакција. Доктор Крис Валас, коавтор на студијата и генетски статистичар од Универзитетот во Кембриџ, вели дека овие резултати укажуваат дека во модерното опкружување порастот на воспалителните реакции во имунитетот кој се случува во зима го објаснува зголемениот број на болни од инфламаторни болести во текот на ова годишно време, бидејќи луѓето се тогаш едноставно чувствителни и подложни на болести. Како пример, за време на зимскиот период кај жителите на северната Земјина хемисфера, нивото на протеини во крвта, кои се поврзани со кардиоваскуларните и автоимуните болести, е поголем отколку за време на летните месеци.

 

datum2

 

Меѓутоа, не  е во целост јасно како имунолошкиот систем се менува низ сезоните. Веројатно, велат истражувачите, во тој механизам голема улога игра циркадијалниот ритам, кој ги регулира будноста и спиењето, а со кој делумно управува дневната светлина, како и нивото на витамин Д во организмот.

“Кога знаеме дека имунолошкиот систем зо зима, за време на мрачните и студени денови, е почувствителен на воспаленија, помеѓу останатото и поради недостигот на витамин Д, тогаш е разбирливо што општата здравствена состојба се поправа штом ќе се продолжат деновите и кога има повеќе сонце,, – вели Џон Тод, коавтор и професор по медицинска генетика на уноиверзитетот во Кембриџ.

Дали сме поздрави во лето?

Професорот Мајк Тарнер, од истражувачкиот биомедицински центар во Кембриџ, објаснува:

“Ова е одлична студија, која дава вистински доказ за популарното сфаќање дека сме поздрави во лето. Активноста на голем број наши гени, како и структурата на крвта и масното ткиво, варира од сезона до сезона.,,

Доктор Карен Адингтон, пак, вели дека е одамна познато дека најголем број од дијабетесите од тип 1 се дијагностицираат во зимо:

“Сега знаеме и зошто е тоа така. Студијата ги открива биолошките механизми кои досега не ни беа познати, а кои го прават организмот повеќе склон на автоимуните напади кои се почести кај дијабетесот од тип 1.”

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина