Некои однесувања кај животните, кои се најслични со човекот, кај вишите примати, покажале дека живејат без никкави проблеми со храната во оја вкупната содржина на натиум е многу ниска. Многу е јасно документирано, дека колку е пониска потрошувачката на сол, пониска е и зачестената појава на висок крвен притисок предизвика од страна на некоја болест.

 

Од тука оптималната исхрана би требала да биде со низок процент на сол, а тоа може да се постигне само ако храната која се обработува или која се подготвува во домаќинството, ја намали количината на сол во однос на моменталната, да речеме, за десеттина.

 

Ако погледнеме на препорачаната дневна доза, ќе видиме дека ,,пропишаната,, доза на потрошувачка на натриумот е се уште несразмерно висока. На пример, според американските препораки од 1980 година: 1,1-3,3 грама натриум дневно. Тоа е помалку од нормалниот дневен внос, но не е оптимално. Зошто доаѓа до ваква контраиндикација? Обратете внимание, дека препорачаната дневна доза никогаш и никаде не е одредена како оптимална доза. Авторите на овие препорачани дози многу пати го имаат ова објавено. Тоа се дози каде посоти голема веројатност еден нормален човек да не пати од недостаток на оваа супстанција. Но, прашањето кое се разгледува овде е, дали тој човек ќе пати од вишок од оваа супстанција. Затоа оваа однапред одредена вредност е еднострана, бидејќи и се припишува несразмерно значење.

 

Ако би била одредена препорачаната минимална доза, т.е. дозата или количината која човек не би требало да ја пречекори, за да не си го оштетети сопственото здравје, тогаш таквата доза е – на пример за натриумот – обично многу помала од објавената вредност.

 

Овие два услови не можат да бидат исполнети истовремено. Не можете истовремено да ја минимизирате штетата од вишокот и од недостатокот на одредена супстанција. Можете да влијате на минимализацијата. И во тој случај, препорачаното ниво на потрошувачка е помало отколку што е препорачаната дневна доза.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина