Едно најново истражување открива дека седењето по 10 или повеќе часови, без редовно вежбање, може да влијае на тоа клетките да почнат предвремено да остарат. Студијата од Универзитетот во Сан Диего, во Калифорнија, вршила истражувања над 1.500 жени, кои имале помеѓу 64 и 95 години. Резултатите покажале дека клетките на оние жени кои седеле повеќе од 10 часа и работеле во просек помалку од 40 минути вежбање дневно, биле биолошки осум години постари од оние жени кои помалку време минувале во седење.

Жените со биолошки стари клетки имале покуси теломери, кои се наоѓаат на крајот од ДНК синџирот и кои помагаат во заштитата на хромозомите. Телемерите тануваат пкуси и ,,излитени,, како што стареат клетките. Скратувањето на теломерите е поврзано со кардиоваскуларните болести, дијабетесот и канцерот, а за нивното скусување придонесуваат и секојдневните лоши навики, како што се пушењето и дебелината.

“Резултатите од нашата студија покажаа дека теломерите се скусуваат и кога човекот минува премногу време седејќи. Хронолошкото стареење не се поклопува секогаш со биолошкото стареење – рекол доктор Аладин Шадјаб, автор на студијата од Универзитетската школа за медицина. Жените, кои долго време минувале седејќи, но кои исто така и вежбале барем 30 минути дневно, на крајот немаа скратени телометри. Дискусиите за придобивките од вежбањето треба да почнат додека сме уште млади, а физичката активност не треба да престане ни кога ќе наполниме 80 години.
Шадјаб и неговиот тим препорачуваат дека луѓето треба да вежбаат најмалку 150 минути неделно и да го намалат времето кое го минуваат во седење, секогаш кога го можат тоа.
Ако работата бара да седите по 8 и повеќе часа, искористете ги паузите за да прошетате.”

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина