Чајот се смета за најздрав напиток во светот, а навиката за пиење чај датира од дамнешни времиња. Но, секое растение има различно влијание на нашето тело, па затоа е добро да се избере оној вистинскиот, кој најдобро одговара на организмот и на неговите потреби. Овие чаеви се одбрани според припадноста на крвната група.

 

КРВНА ГРУПА А

 

Се работи за емотивни и аналитички личности, кои реагираат силно на стрес. Кафето здравствено нема да им наштети, но постојат растителни замени кои телото многу подобро ќе ги прими.

 

Оние кои имаат крвна група А треба да пијат:

 

  • Зелен чај
  • Чај од јасмин
  • Комбинација од зелен чај со јасминов чај
  • Чај од невен
  • Чај од мајчина душичка
  • Мешавина од чај од невен и мајчина душичка

 

КРВНА ГРУПА Б

 

Оние кои и припаѓаат на оваа крвна група најчесто имаат побавен метаболизам и се склони кон дебелеење, несоница и хроничен замор. Имаат силен гастроинтестинален систем, на кој можат дополнително да му помогнат со чаеви.

 

Оние кои имаат крвна група Б треба да пијат:

 

  • Роибус чај или црвен чај
  • Зелен чај
  • Чај од маточина
  • Чај од жалфија
  • Чај од бозел
  • Мешавина од маточина, жалфија и бозел

 

КРВНА ГРУПА AB

 

Припадниците на оваа крвна група се многу интуитивни и одлично знаат да се носат со стресот. Но, ,,Ахилова пета,, има е нивното либидо. Треба да одбегнуваат кафе и да го заменат со чај.

 

Оние кои имаат крвна група АБ треба да пијат:

 

  • Чај од нане
  • Зелен чај
  • Мешавина од нане и зелен чај
  • Жолт чај
  • Чај од божур
  • Чај од брусница

 

КРВНА ГРУПА 0

 

Оние кои ја имаат оваа крвна група треба да одбегнуваат млеко и глутен. Иако се особено многу отпорни на стрес, мака мачат со желудочни проблеми предизвикани од засилена желудочна кислеина. Кафето не им годи ниту на овие припадници.

 

Оние кои имаат крвна група 0 треба да пијат:

 

  • Чај од ѓумбир
  • Жен-шен чај
  • Мате чај
  • Сенча зелен чај
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина