Иако губењето на вишокот килограми е одличен ефект од вежбањето и здравиот начин на живот, вежбите исто така влијаат на подобра работа на мозокот, расположението, спиењето и генерално на здравјето. Но, ако се фокусирате само на слабеење, дали постојат некои вежби кои треба да се одбегнуваат? На ова прашање одговор имаат дадено многу познати и професионални тренери. Иако треба да се испроба секој вид на вежба, овие четири видови на вежби нема да ги дадат соодветните резултати кои ви се потребни:

1. КросФит

КросФит вежбите се први на оваа листа, бидејќи, ако веќе го имате започнато својот пат кон слабеењето, нема да имате сила да издржите еден ефикасен тренинг без повреди. Секако дека овој вид на тренинг е одличен, забавен и многу популарен, но начинот на кој се прават вежбите е опасен, посебно за оние кои не се во топ форма.

2. Јога

Јогата има многу предности, но губењето вишок килограми не е еден од нив. Додека вежбате јога, ги тонирате мускулите и градите сила, но недоволно брзо губите калории и масти и не го стимулирате доволно метаболизмот.

3. Велосипед во теретана

Возењето велосипед во теретана (или дома) е одлична вежба за оние кои некогаш вежбале и престанале од некои причини. Но, ова вежбање – посебно ако се работи во група, може да избега од контрола и да ве стави во ризик да добиете сериозни повреди. Во просторијата може да стане многу топло, за некои движењата можат да станат прегресивни, а секоја енергична вежба може да ве огладни.

4. Само кардио вежби

Многумина тврдат дека треба да се одбегнува да се прават само кардио вежби ако целта ви е да загубите губење килограми. Зошто? Поради претераното прејадување по тренингот. Со кардио вежбите се согоруваат калории, но тоа ќе ве огладни и од таа причина ќе мора да изедете непти по тренингот и така да се вратите на старото. Покрај тоа, ако се фокусирате само на кардио вежбите, а не и на оние вежби на сила – можете да загубите од мускулната маса. Губењето мускулна маса доведува до ,,уништување,, на метаболизмот, па затоа ако сакате да правите кардио вежби, искомбинирајте ги со добри вежби на сила со тегови.

Сепак, најдобар начин за губење на килограмите е промената на композицијата на телото преку тренинг на отпор. Подигањето тегови ќе ги стимулира мускулите кои согоруваат калории и кога јадеме и кога се одмораме. Најдобро е да се има отвореност за сите видови на тренинг и да се испробува се, но да се започне со добар и здрав баланс – вежби за сила и да се продолжи потоа со кардио вежби.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина