Доколку сакате да почнете здраво да се исхранувате, летото е идеалното време за тоа. Свежите и здрави намирници можат да се најдат на секој пазар, а со малку труд ќе имате совршен и хранлив оброк за многу кратко време. Супернамирниците се дефинираат како оние намирници кои во однос на бројот на калории имаат многу хранливи состојки и влакна. Значи, тие се спротивност на празните калории.

Авокадо

avocado

Заради боите и обликот, авокадото е наречено “алигаторска круша”. На прв поглед на нутритивната содржина на авокадото се чини дека тоа не е воопшто здраво овошје, бидејќи 85 проценти од калориите ги добива од мастите кои ги содржи. Сепак, треба да се има на ум дека не се сите масти исти, па во ова овошје, ќе пронајдете голема количина на мононезаситени маснотии – кои имаат анти-воспалителни ефекти врз организмот. Многу е важно да внесувате доволна количина од овие масти, кои можат да помогнат и при губењето на килограмите. Освен мастите, во авокадото се содржат и многу антиоксиданси -каротеноиди, кои го намалуваат влијанието на слободните радикали врз нашиот организам.

Лосос

losos

Со оглед на тоа нивото на жива во морињата и океаните е многу високо, добро е да знаете дека дивиот лосос спаѓа во оние риби кои не содржат многу жива, за разлика од, на пример, туната. Поради својата релативно мала големина, лососот не содржи многу жива, па затоа може да се јаде почесто од другите риби. Оваа риба е полна со омега-3 масни киселини, кои се многу важни за избалансираната и здрава исхрана. Покрај тоа, ако редовно консумирате лосос, ќе внесувате и доволно витамин Б12, селен и витамин Д, кој е многу важен за превенција против ракот.

Бадеми

bademi

Бадемите и другото јаткасто овошје најчесто го избегнуваат луѓето кои се обидуваат да изгубат на тежина, бидејќи тие имаат висок калориски индекс. Сепак, ако навистина сакате да изгубите килограми и здраво да се исхранувате, треба редовно да консумирате бадеми. Исто како и авокадото, бадемите содржат мононезаситени масти, кои, меѓу другото, помагаат во намалувањето на “лошиот” холестерол. Оревите, исто така, содржат многу витамин Е, кој игра важна улога на антиоксиданс во нашиот организам.

Леќа

leka

Ако сакате поздраво да се исхранувате, идеално би било малку поретко да јадете месо. Лекарите предупредуваат дека премногу често јадеме месо, а ова остава последици врз нашиот организам. Сепак, протеините ни се неопходни, а одличен извор на растителни протеини е токму леќата. Освен протеините, во леќата се содржат и многу растителни влакна, кои се многу добри за губење на тежината, но исто така и за чистење на организмот. Влакната кои ги содржи леќата даваат чувство на ситост, која трае долго време, па ова е една од најдобрите намирници за оние кои сакаат да изгубат некој килограм.

Ореви

orevi

Исто како и бадемите, оревите ги избегнуваат многу луѓе, бидејќи тие имаат многу маснотии. Но, исто така, тие се богати и со омега-3 масни киселини, а ниту еден друг јаткаст плод не може да се натпреварува со оревите по ова прашање. Бенефитите од омега-3 масните киселини се многубројни, но посебно им се препорачува на луѓето кои нормално внесуваат многу храна која содржи транс-масти. Се разбира, секогаш треба да се биде умерен, бидејќи прекумерното консумирање на оваа намирница може да доведе до зголемување на телесната тежина, како и некои посериозни последици.

Цвекло

cveklo

Цвекло е богато со многу различни витамини, минерали и антиоксиданси. Исто така, цвеклото ги содржи и единствените фитопротеини бекатини, кои се покажаа како одлични за детоксикација на организмот и против воспаленија. Тука се и магнезиумот, калиумот и фолната киселина. Фолната киселина е важна бидејќи му помага на нервниот систем да функционира нормално, ја подобрува меморијата и може да ја спречи Алцхајмеровата болест.

Боровница

borovnica

Сите бобинки се секогаш добар избор, затоа што се богати со антиоксиданси кои го чуваат организмот и го забавуваат процесот на стареење. Според многу експерти, најдобрите плодови од оние кои спаѓаат во групата на бобинки се токму боровинките. Освен различните витамини, овие плодови содржат антоцијанин, хидроксициметна киселина и хидроксибензоева киселина, како и други соединенија кои имаат антиоксидантни и антивоспалителни својства. Затоа редовно јадете боровинки, кои се исто така и многу освежувачки. Комбинирајте ги со малку јогурт и мед за совршено здрав десерт.