Вагината е мускул кој, како и сите други мускули во телото, се стега и се опушта. До опуштање доаѓа доаѓа поради недостиг на вежби и од породување, а најпознати вежби за неа се Кегеловите вежби, со кои и се јакнат мускулите. Сите вагини се шират за време на секс, а бројот на односи не влијае на големината. Според студија вршена над повеќе од 200 жени, вагиналниот канал во просек е долг 9,6 см (колку еден сјај за усни), a е широк од 2,5 до 3,5 см.

 

Големи усни

 

Спаѓаат во надворешни делови од вагината, кои ја штитат неа или родницата и кои ги опкружуваат малите усни. Во просек, овие се долги околу 8,1 см – што одговара на големината на просечен лак за нокти. Сепак, распонот на големината е значително поголем од тоа – во студијата изнесува од 4,5 до 11,5 см. Големината на усните нема врска со големината на вагината, а интересно е што усните се намалуваат како што старее жената.

 

Мали усни

 

Се наоѓаат во внатрешните усни и го опкружуваат самиот отвор на вагината. Интересно е што левата мала усна во просек е поширока за околу 2,1 см, a десната за околу 1,9 см. Левата усна во просек е долга околу 4 см, додека десната е долга околу 3,8 см. Како и кај големините кај големите усни, ниту големината кај малите усни нема врска со големината на вагиналниот отвор т.е. каналот.

 

Клиторис

 

Како и кај другите делови од телото, постои навистина голем распон во големината на клиторисот од жена до жена. Клиторисот има улога за постигнување сексуално задоволство. Просекот на неговата ширина изнесува околу 0,8 см (додека распонот на ширината кај учесниците во студијата изнесувал од 0,2 до 2,5 см). Просечната должина му е 1,6 см, со распон од 0,4 до 4,0 см. Големината на самиот клиторис нема влијание врз интензитетот на женското задоволство.

 

Тагови: вагинажени
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина