Сувата уста или ксеростомијата настанува кога плунковните жлезди произведуваат малку или воопшто не произведуваат плунка. Ова чувство често се јавува кога сме изложени на стрес. Ако проблемот е подолго време присутен, предизвикува бројни потешкотии во секојдневието. Говорот и џвакањето на храна се отежнати, а шансите за настанок на болести на забите и грлото се далеку поголеми.

Сувоста на устата доведува до развој на гингивитис, кариес и бројни воспаленија на непцата и забното месо. Оние кои носат забни протези можат и тоа како да ја влошат состојбата. Сепак, овој проблем може да се реши со правилна исхрана и бројни растителни препарати. Ако се внесуваат поголеми количини течности, шансите за појава на ксеростомија се многу помали.

Како настанува сувоста на устата?

Во текот на денот се излачуваат и до еден литар и половина плунка, додека во случаите на ксеростомија оваа количина е помала од 300 милилитри. Причините за оваа состојба можат да бидат бројни. Многу често сувата уста е предизвикана од стрес, пушење и недоволно внесување течности. Покрај тоа, причини за сува уста се и хормонски нарушувања како и бременоста. Сепак, најчести причини за ова нарушување се и бројни лекови со кои се третираат разни тегоби. Токму тие – како непосакуван ефект ја имаат споменатата сувост на устата. Тука спаѓаат медикаментите против хипертензија, алергија, депресија и анкциозност, или за опуштање на мускулите. Освен тоа, Сјогреновиот синдром, Паркинсоновата болст, анкциозноста, депресијата и дијабетесот доведуваат до сувост на устата навечер. Недоволното лачење на плунка создава чуство на лепливост во устата и честа жед. Нешто поретко се јавува и пецкање, проследено со сувост и црвенило ја јазикот. На овој проблем ушт еукажуваат и отежнатото цвакање и говор, постојано чувство на жед, суви испукани усни.

Ксеростомијата може да предизвика развој на болести на устата, забите и грлото, а неретко се јавуваат ранички во устата и лош здив.

Симптоми на сува уста

Сушењето на устата е многу непријатен проблем, кој подеднакво создава непријатност и кај мажите и кај жените. Еве како можете најлесно да го препознаете ова заболување.

  • Суво и лепливо чувство во целата усна шуплина
  • Постојано сте жедни, станувате повеќе пати во ноќта за да пиете вода
  • На рабовите од устата имате ситни ранички кои печат и пречат
  • Грлото и јазикот ви се постојано исушени
  • Ве пецка огрубениот јаазик и забележувате црвенило на него
  • Потешко џвакате и ја голтате храната, а говорот ви е отежнат
  • Ви слабее сетилото за вкус, па потешко ја препознавате храната
  • Зарипнати сте, ноздрите ви се суви и грлото често ви е воспалено
  • Здивот ви е непријатен и забележувате дека ви смрди од устата

Ако препознавате некои од овие симптоми, задолжително јавете се на доктор. Треба да одите и на редовни прегледи на забите и непцата кај стоматолог.

Сушењето на устата на нервна база е посебен проблем. Тоа непријатно лепливо чувство може и тоа како да делува на самодовербата. Од тука, посветете се на правилна исхрана, помалку нервирајте се и подготвувајте природни препрати. Со тек на време, ксеростомијата ќе се повлече и ќе се врати во нормала. Сувата уста и грлото за многумина звучат безизлезно, но никако не смее така да се гледа на тоа. Ако ова нарушување не се лекува, може да предизвика далеку посериозни заболувања. Лекувањето на ксеростомијата треба да е насочи кон отстранување на причината, но тоа во многу случаи е тешко или дури и невозможно.

Ако сувоста на устата е предизвикана од лекови, неопходно е да се заменат со други. Доведувањето на системските болести, како што се анемијата или дијабетесот, во контролирана фаза, може значително да ги намали тегобите.

Не постои единствен начин за лекување на оваа болест, но бројни методи се успешни во ублажување на нејзините тегоби. Важно е само да се подобри оралното здравје и да се пружи заштита од можните компликации. За да се намали сувоста на устата, потребна е консултација со стоматолог и доктор, кои ќе ви кажат за евентуалната употреба на лекови за системсо поттикнување на лачење или препарати за замена на плунката. Трудниците, пак, во никој случја не смеат да користат ништа од ова на своја рака и треба задолжително да се консултираат со стручно лице.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина