Можеби мислите дека детоксикација не е важна за одржување на здравјето на целото тело, но треба да знаете дека се што не опкружува има многу штетни хемикалии и загадувачи. Во денешно време  многу е  важно да направите се што е во ваша моќ за да се одржи здраво телото, а детоксикацијата е еден од начините да се постигне ова.

Истражувањата покажуваат дека отстранувањето и елиминацијата на токсините од телото, може да го заштити вашето здравје и да спречи појава на голем број на болести. Процесот на детоксикација се базира на унапредување на здравјето и работата на внатрешните органи, особено оние кои се вклучени во детоксикација, а тоа се  црниот дроб и дигестивниот систем.

Детоксикацијата е, ако не припаѓате на ризичната група на луѓе, на  природен и безбеден начин да го стимулирате  здравјето на целото тело. Детоксикацијата ќе го стимулира црниот дроб, ќе ја намали надуеноста и на  сите органски системи  им овозможи  најдобар начин на функционирање.

Детоксикацијата ќе го намали чувството на хроничен замор, ќе го  подобри  здравјето и изгледот на кожата и ќе доведе до стимулирање на способноста на телото да се брани против разни микроорганизми.

 

Што е детоксикација?

Овој термин се однесува на отстранување на токсините кои можат да бидат последица од консумирање на дрога и алкохол. Детоксикација се заснова на различни принципи, од потрошувачката на посебни видови на храна, како кафеав ориз и органско овошје и зеленчук, до користење на различни растителни зачини.

Кога ќе започнете било каков програм на исхрана, треба да се консултирате со вашиот лекар. Постојат моменти кога  советот со вашиот лекар е неизбежен. Детоксикацијата може да доведе до несакани ефекти, а некои групи на луѓе дури и не би требало да    ја следат Detox програма.

 

Децата и постарите лица

 

Луѓето кои страдаат од нарушувања во исхраната не треба да ја воспостават  програмата за детоксикација. Повеќето постари луѓе со ослабен имунолошки систем не треба да  следат било каква Detox програма. Исто така, луѓето кои страдаат од дијабетес, како и оние со низок крвен шеќер, не  треба да ја следат Detox програма.

Експертите генерално препорачуваат дека програмата за детоксикација не треба да ја пратат  ни децата,  ни постарите лица. Ако планирате да започнете со detox програма, секако дека прво треба да се консултирате со вашиот лекар. Адолесцентите треба да имаат  добар план на исхрана  кој нема да вклучува глад или исфрлање на хранливи состојки. Исто така, некои програми за детоксикација може да предизвикаат  зависност, која  што е причината зошто тинејџерите треба да бидат особено внимателни.

 

Бремени жени и доилки

Бремени жени и доилки не би требало да почнат  со програма за детоксикација. Детоксикацијата го  лишува телото од  голем број на  хранливи состојки кои се важни за здравјето на бремените жени, мајките и бебињата. Ако планирате да започнете со употреба на билки и зачини, не заборавајте да се консултирате со лекар. Постојат многу видови на билни зачини кои не треба да се земаат за време на бременост и доење.

 

Луѓето кои земаат лекови

Ако земате лековите, припаѓате  на ризичната групата ,која  треба да се консултира со  својот лекар пред да започне со detox  програма. Некои лекови ја попречуваат апсорпцијата на одредени хранливи состојки, а детоксикацијата  вклучува, исклучување на одредени групи на храна. Исто така, со детоксикација доаѓа до зголемување на внесот на витамини и минерали, кои  можат негативно да влијаат врз делувањето  на лековите кои ги земате.

Ја почитува здравата исхрана,посебно овошјето и зеленчукот,љубител на животни,верува во љубов,омилено место за живеење Париз