Поголем дел од овие намирници ќе ви помогнат при заштита на кожата од штетното делување на сонцето, бидејќи содржат материи со помош на кои и самите се заштитуваат од сонцето. Еве кои се се:

Кајсии
Кајсиите содржат малку заситени масти, холестерол и соли. Добар извор се на диетални влакна и калиум, како и на витамините А и Ц. Сега се најздрави и најевтини, затоа искористете ги.

Дињи
Добар извор се на диетални влакна, ниацин, витамин Б6 и фолна киселина. Содржат и витамини А и Ц и калиум. Иако имаат многу шеќер, дињите во себе имаат малку заситени масти и соли, а многу холестерол. Дињата е сочна и освежителна, одлично оди во комбинација со круши.

Лубеници
Лубеницата е вистинско летно овошје со многу малку заситени масти, холестерол и соли. Добар извор е на калиум, витамини А и Ц. Освежителна е, слатка и мирисна.

Праски
Содржат многу малку заситени масти, холестерол и соли. Поголем дел од калориите доаѓа од шеќерот. Добар извор е на диетални влакна, витамин А, ниацин и калиум, а содржат и витамин Ц.

Капини

Капините се вкусно и хранливо овошје со низа хранливи компоненти. Од витамините ги содржинат А, Б1, Б2, Б3, Б6, Ц, Е и К. А, од богатството на минералите тука се фолната киселина, калциумот, железото, магнезиумот, фосфорот, калиумот и цинкот. Тие исто така се добар извор и на аминокиселини и есенцијални диетални влакна, потоа и на моќни антиоксиданси, кои делуваат против слободните радикали.

Нектарини

Содржат малку заситени масти, и исто како и праските се добар извор на диетални влакна, витамини А и Ц и калиум.

Смокви
Овој период од годината е период кога можете да уживате во свежи и здрави смокви. Добар извор се на калиум, манган, витамин Б6 и диетални влакна.

Грозје
Не е достапно преку целата година, туку сезоната му започнува дури во август. Затоа токму сега треба да се искористта неговите благодети. Содржи малку заситени масти, холестерол и соли. Одличен извор е на витамините Ц и К.

Пиперки

Секако треба да ја искористите сезоната на пиперки, бидејќи се добар извор на тиамин, ниацин, фолна киселина и бакар, диетални влакна, витамини А, Ц, К, Б6 и на калиум и манган.

Тиквички
Овој вкусен зеленчук со благ вкус е добар извор на протеини, витамин А, тиамин, ниацин, фосфор и бакар. Содржи и диетални влакна, витамини Ц и К, рибофлавин, витамин Б6, фолна киселина, магнезиум, калиум и манган.

Пченка
Достапна, вкусна и хранлива, пченката припаѓа во групата на вистински летен зеленчук. Содржи малку заситени масти и многу малку холестерол и соли. Добар извор е на диетални влакна, тиамин и фолна киселина.

Домати
Содржат многу малку заситени масти и холестерол, а многу соли. Поголем дел од калориите доаѓа од содржината на шеќер. Добар извор се на витамините К и Б6, тиамин, фолна киселина, калиум и манган, како и на диетални влакна.

Краставици
Содржат малку заситени масти и многу малку холестерол и соли. Добар извор се на витаминот А, магнезиум, фосфор и манган, но ги содржат и витамините Ц, К и калиум.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина