Одамна е познато дека одредени пози во спиењето може да допринесат кон подобро здравје (покрај чувството на одмореност). Промената на позата на спиење може да го спречи настанувањето на брчки, рчењето, болките во вратотот и рефлукс (враќање на киселината од желудникот). Во продолжение прочитајте за тоа како одредени пози на спиење може да донесат одредени здравствени предности.

spienje naslovna

 

Спиење на грб

ЗА:  Многу доктори се сложуваат дека е најдобро да се спие на грб. Спиењето во оваа поза е одлично за ‘рбетот и здравјето на вратот, бидејќи грбот е во исправена положба и без било каков притисок кој би можел да доведе до искривеност. Спиењето на грб е добро бидејќи му овозможува на душекот да ја врши својата работа-  да му биде поддршка на ‘рбетот. Во еден идеален свет, сите би требало да спијат на грб без перници, бидејќи во таа позиција вратот е во природна положба. Премногу перници исто така можат да предизвикаат проблеми, бидејќи го отежнуваат дишењето.

Спиењето на грб е добро и од козметички причини. Доколку лицето е цела ноќ на воздух, не притиснато од перницата- тоа доведува до создавање на помалку брчки на лицето. Исто така, оваа позиција е добра за градите на жените, бидејќи торзото им е поддршка на градите и помага тие да не се спуштат подоцна.

ПРОТИВ : случаите на рчење и апнеја се почести кај луѓето кои спијат во оваа позиција. Всушност, спиењето на грб е поврзано со појавата на ноќна апнеја, па докторите препорачуваат спиење на страна, како третман за оние кои имаат ваков проблем. Тоа е така, бидејчи додека спиеме на грб, гравитацијата го носи јазикот кон дишните патишта, што го спречува дишењето и го предизвикува оној неугоден звук на ‘рчење кој другите ги држи будни.

Исто така, вредно е да се напомене дека тоа  што ‘рбетот има потпора, не секогаш гарантира добар сон.Според едно истражување, со кое се споредувале навиките на луѓето, спиењето и добриот и лошиот сон, се наведува дека луѓето со лош квалитет на спиење повеќе време поминале спиејќи на грб, отколку оние кои се изјасниле дека имаат добар квалитет на спиење.

spienje polozba

 

Спиење на страна

ЗА:   Без оглед дали во положба на фетус или точно на едната страна, голем број луѓе се изјасниле дека спијат на една страна (иако ова не може да се смета за потполно точно, бидејќи секој е несвесн во текот на сонот). Лекарите препорачуваат спиење на левата страна за време на бременоста, бидејќи така се подобрува циркулацијата на срцето, што е добро за и мајката и за бебето. Покрај тоа, кај бремените жени оваа поза е уште препорачлива, бидејќи спиењето на грб предизвикува дополнителен притисок на долниот дел на грбот (што може да доведе до несвестица), а спиењето на стомак е невозможно поради очигледни причини. За сите оние кои не очекуваат бебе, спиењето на левата страна може да ги ублажи симптомите на горушица и рефлукс на киселината во желудникот, што го олеснува спиењето на оние кои не можат да спијат поради овој проблем.

ПРОТИВ : следи лоша вест – спиењето на левата страна создава поголем притисок на црниот дроб, желудникот и белите дробови (често менување на страните може да го спречи притисокот врз органите). И како што речиси сите оние кои спијат на страна добро знаат, оваа позиција може да доведе до трнење во рацете. Да си легнете во кревет со раката под глава е честа позиција за спиење, но негативно може да влијае на мускулите и нервите. Одмарњето на главата (или на целото тело) на една страна може да го ограничи протокот на крв и да ги притисне нервите, што резултира со синдромот”гумени раце” или болни иглчки. Во оваа позиција, на рамената е поголемиот дел од телесната тежина, што може да ги притисне рамената и вратните мускули .

 

Спиење на стомак

ЗА:  Оние кои спијат на стомак може да го намалат настанувањето на рчење и ноќна апнеја, но тоа е всушност и единствената позитивна работа кај оваа поза.

ПРОТИВ :  спиењето на стомак е најшироко познато како најлоша можна поза за спиење. Таа ја израмнува природната кривина на ‘рбетот, што може да доведе до болка во долниот дел на грбот. За да спиете во текот на целата ноќ во оваа позиција мора главатада ви биде  на една страна, што доведува до болка во вратот. Ако ова е вашата омилена позиција, а чувствувате болки во долниот дел на грбот, обидете се да се ставите една перница под колковите и со долниот дел на стомакот да му помогнете на долниот дел од ‘рбетот.

 

И конечно….

Без разлика на здравтсвените погодности, докажано е дека луѓето спијат во оние позиции во кои се чувствуваат најудобно. Експериментирањето со различни пози за спиење сигурно нема да ви наштети, па ќе видите која поза најдобро ви одговара. Без разлика на тоа дали ќе заспиете на стомак, грб или на страна, луѓето обично се будат во оние позиции кои му се најугодни на телото. Освен доколку докторот не ви препорача поинаку, веројатно е најдобро да правите како што вам најдобро ви одговара.

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.