Истражување спроведено во Велика Битанија покажало дека секој четврт човек не спие доволно, а дека секој десетти пати од хронична несоница. Ако сте се разбудиле уморни, ненаспиени и со неиздржливи болки во грбот, вратот и рамењата, немојте веднаш да го обвинувате стресот, неправилната исхрана, тврдиот и стар душек и несоодветната перница. Можеби за тегобите е виновна токму положбата во која спиете?

 

 НА ГРБ

 

Оваа положба е најздрава

 

Предности: Спречува болки во вратот и грбот и гастроезофагеалниот рефлукс, го минимизира појавувањето на брчките и ја оддржува цврстината на градите.

 

Лоши страни: Поттикнува рчење.

 

Што велат стручњаците: Оваа положба не го оптоварува рбетот, а грбите мускули се целосно опуштени, освен тоа, добра е и за варењето. Ако главата е малку подигната, панкреасот се наоѓа во рамнина над стомакот, што оневозможува враќање на желудочната киселина во горниот дел од дигестивниот тракт. Спиењето на грб не придонесува за појава на брчки, бидејќи перницата не го притиска лицето, велат дерматолозите. Во оваа положба градите имаат најдобра поддршка, па се спречува нивното опуштање.

 

Совет за оние кои спијат на грб: Голем проблем може да биде рчењето. Ако сте  склони на него, положбата на грб можеби и не е вистинскиот избор за вас.

 

 

НА СТРАНА

 

Ако не можете да спиете на грб, положбата на страна не е лошо решение.

 

Предности: Ги превенира болките во вратот и грбот, спречува рефлукс на желудочната киселина, го ублажува рчењето, се препорачува за време на бременост.

 

Лоши страни:  Ги опушта кожата и градите.

 

Што велат стручњаците: Спиењето на страна е одлично за општата здравствена состојба – го редуцира рчењето и не го оптоварува рбетот. За оние кои патат од рефлукс на желудочната киселина ова е следната најдобра положба, по спиењето на грб. Лошата страна е тоа што спиењето на страна може да предизвика брчки на лицето, тврдат стручњаците, бидејќи често за време на спиењето едната страна од лицето е закопано во перницата. Оваа положба придонесува и за тоа да не се опуштат градите, поради истегнување на лигаментите.

 

Совет за оние кои спијат на страна: Ако сте бремени, спијте на страна, бидејќи тоа е идеално за крвотокот.

 

 

 

ФЕТАЛНА ПОЛОЖБА

 

Оваа положба не е баш идеално решение.

 

Предности: Спречува рчење, добра е за спиење во текот на бременоста.

 

Лоши страни: Предизвикува појава на болки во вратот, грбот и рацете, настанок на брчки и опуштање на градите.

 

Што велат стручњаците: Спиењето со високо подигнати колена и брада кон градите може да предизвика разни тегоби, посебно ако имате артритис, болки во градите или зглобовите. Ако премногу ги оптоварите рацете, ќе се разбудите со трпнење и веројатно преку целиот ден ќе чувствувате болки во овој дел од телото. Оваа закривена положба го отежнува дотокот на воздух во белите дробови.

 

Совет за оние кои спијат во фетална положба: Не морате целосно да се откажете од оваа положба, но пред да заспиете, обидете се барем малку да се истегнете, за телото да не ви биде целосно свиткано.

 

 

НА СТОМАК

 

Оваа положба има само една предност, и затоа треба да се одбегнува.

 

Предности: Го ублажува рчењето.

 

Лоши страни: Предизвикува болки во вратот и грбот, брчки и повремено опуштање на градите.

 

Што велат стручњаците: Во оваа положба се зголемува притисокот на зглоовите и мускулите, што може да ги изиритира нервите и да доведе до појава на хронични болки и здрвеност. Замислете само какви тегоби ќе почувствувате ако само петнаесет минути ја држите главата свртена за 90 стеени и ќе сфатите како оваа положба влијае врз вашето здравје. Освен тоа, во оваа положба се израмнува природната закривеност во долнит дел од грбот.

 

Совет за оние кои спијат на стомак: Спиењето на стомак ги спречува опструкциите на горните дишни патишта, па ако рчите, а не сте забележале хронични болки во грбот или вратот, можете да ја одберете оваа положба.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина