Постојат низа добри причини за употреба на летната прехрана. А, подобра можност за консумирање на овие намирници нема од летото. Воедно, тие ќе направат и да се чувствувате подобро. Дури и ако мислите дека одредена намирница не е воопшто вкусна и не знаете што би можеле да направите од неа, обидете се и ќе се изненадите на колку разни начини можете да ја искористите. Одредени намирници од природата се совршен извор на енергија, а притоа не се тешки за варење и се вистинско освежување. Погледнете подолу кои се сите овие намирници.

1. Пченка

Слатката варена или печена пченка за многумина е една од омилените летни деликатеси. Покрај тоа, таа е богата со два важни антиоксиданси – лутеин и зеаксантин, кои се природна заштита од силното сонце за очите , бидејќи ги филтрираат штетните УВ зраци.

2. Црешни

Ова е овошје од кое ќе имате бројни користи за организмот. Освен што во себе имаат мелатонин, кој е задолжен за подобар сон, тие помагаат и за одржување на телесната тежина. Антоцијанините, со кои вишните се многу богати, помагаат за трошење на насобраните маснотии.

3.Домати

Листата со причини поради кои доматот треба да го консумирате во лето секојдневно е долга. Тој е полн со витамин Ц, го забавува стареењето и го намалува нивото на холестерол. Полн е со бета каротен, витамин важен за очите, а исто така го регулира и варењето и влијае врз состојбата на кожата, односно на нејзиното подмладување.

4.Лубеница

Доволното внесување на течности е посебно важно во лето, а ако сакате нешто друго освен вода, тогаш лубеницата е најдобар избор. Ова слатко, вкусно и здраво овошје содржи дури 92% вода, што го прави едно од најмалку калоричните намирници.

5.Малини

Богата со разни актиоксиданси, малината е одличен извор на влакна, кои помагаат за регулирање и за правилно функционирање на цревата, а и во слабеењето. Исто така е одличен извор на витамин Ц и на бројни други витамини и минерали.

6. Боровинки

Ова овошје е посебен деликатес за организмот и најдобро е ако можете да го консумирате што почесто. Сиромашни со калории, а богати со нутриенти, го снижуваат холестеролот, го намалуваат ризикот од рак, богати се со калциум и калиум. Најновите истражувања покажале дека како антиоксиданси можат да помогнат кај воспаление на мускулите.

7. Кељ

Многумина не го сакаат кељот, а повеќето ќе кажат дека е озлогласен уште од дамнина, кога родителите не терале да го јадеме. Но, кељот може биде да биде одлична состојка за фрапеа и сокови. Со помош на разни комбинации тој може да го загуби својот горчлив вкус и да стане одличен за јадење. Освен шти го нарекуваат чувар на срцето, кељот влијае и врз здравјето на мозокот и е одличен пример за избор на храна која може да го промени здравјето кон подобро.

8.Јагоди

Јагодите се многу благодарно овошје. Најмногу ги сакаме во салати, колачи или едноставно со шлаг или чоколада. Ако сакате да ја дотерате линијата, јагодите можат да ви помогнат во тоа. Содржат антоцијанини, со кои му помагаат на мозокот во помнењето, го забавуваат стареењето и имаат антиканцерогено дејство.

9.Чај

Чајот е совршен лек за вознемирен стомак. Без разлика на тоа што температурите се високи, одлично е да се пие чај преку летниот период. Ако не го сакате без шеќер, слободно засладете го.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина