Како што постојат афродизијаци – храна која го поттикнува либидото, исто така постојат и намирници од кои сексуалната желба се губи нагло. Некои под нив се следниве.

 

 

Соја

 

Сојата е одлична за организмот, но може да влијае негативно на либидото. Кај мажите може и да го намали нивото на тестостерон, како и бројот на сперматозоидите.

 

 

Пуканки од микробранова

 

Иако одат совршено со некој добар филм, пуканките од микробранова делуваат негативно на сексуалниот живот истражувањата исто така покажале дека кај мажите го намалуваат бројот на сперматозоидите.

 

 

Диетални сокови

 

Големата количина на вештачки засладувачи го намалува нивото на серотонинот, хормонот кој влијае на чувството на задоволство, што значи и помало уживање во сексот.

 

 

Алкохол

 

Алкохолот може да делува позитивно на самодовербата, но негативно на сексуалната способност. Тој го намалува нивото на тестостеронот и влијае негативно на сексуалната функција.

 

 

Бело брашно

 

Обработената храна и белото брашно не содржат речиси никакви нутритивни вредности – од нив се отстранети сите потребни витамини и минерали. На пример, во споредба со интегралните житарки, белото брашно содржи до три четвртини помалку цинк, кој е неопходен за нормално функционирање на организмот. Консумираето бело брашно може да доведе до инсулинска резистенција и евентуално до дијабетес, кој го зголемува ризикот од срцеви заболувања и еректилна дисфункција.

 

 

Цвекло

 

Додека јадењето цвекло пред вежбање може да ја подобри функцијата на мускулите, овој зеленчук не е идеален за сексуалната функција. Консумирањето цвекло може да го зголеми нивото на естрогенот во организмот, хормон кој може да делува негативно на оние кои веќе имаат хормонски дисбаланс во организмот.

 

 

Бобинки

 

Бобинките како што се боровинките, јагодите, малините и капините содржат големи количини пестициди кои делуваат негативно на сексуалната желба.

 

 

Млечни производи

 

Сите млечни производи можат да содржат хормони кои влијаат на производството на хормоните во телото. Од друга страна, калциумот е добар за телото, а може и да да ја подобри желбата за секс.

 

Флаширана вода

 

Постојат многу причини зошто треба да се одбегнува флашираната вода, а супстанциите коишто се пронајдени во пластичните шишиња се најголемиот виновник за здравствените тегоби. Штетната хемиска супстанција бисфенол А, попозната како БПА, може да доведе до сексуална дисфункција, намален број на сперматозоиди кај мажите и јајце – клетките кај жените.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина