Намирници за кои телото троши повеќе калории за да ги свари, отколку што тие самите имаат се одлична помош во намалувањето на калориите!

Домат

Еден домат со средна големина содржи околу 22 калории, а телото пак за неговото варење троши околу 60 калории. Содржи преку 90 проценти вода , како и мали количини на јаглехидрати , протеини и масти, а и богат со витамин Ц , Б, Е и К , каротеноиди и ликопен. Бидејќи го стимулира излачувањето на вода од телото, тој е идеален за сите оние кои сакаат да изгубат килограми.

Целер


Еден целер со средна големина има само шест калории, а телото за неговото варење троши околу 50 калории. Целерот е богат со растителни влакна и претставува одличен извор на витамин К, антиоксидансот кумарин и витаминот Б комплекс .

Брокула

Околу 100 грама брокула содржи само 25 калории, додека телото за неговото дигестивно разградување троши дури 80 калории. Таа е богата со витамини и минерали , а поради своите лековити својства е прогласена за најдобар сојузник во превенција од настанување на канцерогени заболувања.

Морков

Околу 100 g свеж морков содржи 41 калорија , а телото троши околу 60 калории за да го разгради. Тој е одличен извор на витамин А и каротеноиди , како и диететски влакна , витамин Ц и калиум. Покрај тоа, тој е богат со природен шеќер, па е одличен начин да се ” засладите ” додека сте на диета.

hrana_1

 

Грејпфрут

Има само 32 калории во 100 грама грејпфрут, а на телото му се потребно дури двојно повеќе за да го свари. Ова здраво овошје е познат сојузник во губењето на тежината бидејќи ги напаѓа масните клетки, богато е со витамините Ц и Б6, тиамин, рибофлавин и влакна.

Ротквица

Една голема ротквица содржи само една калорија , а за телото да ја свари му се потребни најмалку три калории. Одличен извор е на витамин Ц, а благодарение на своите својства го поттикнува согорувањето на масните наслаги во телото.

Шампињони

Околу 100 g шампињони содржат 18 калории , а телото троши околу 55 калории додека ги свари. Од сите печурк , шампињоните се најбогати со протеини и се одличен извор на рибофлавин , селен и инулин, а не содржат скроб.

Зелка

Во 100 грама зелка се содржат само 20 калории, а за телото да ја свари му се потребни најмалку три пати повеќе калории. За варената зелка тело ќе потроши два пати повеќе. Зелката е одличен извор на витамин Ц, бета каротин и витамин А, како и минерали.

Лубеница

Една шолја сечкана лубеница содржи околу 80 калории, а и покрај тоа што е богата со природни шеќери, телото сепак троши околу 90 калории за да ја свари. Таа е богата со вода и го поттикнува елиминирањето на токсините од телото , па претставува идеален десерт за оние кои се на диета.

Краставица

100 грама краставица содржи само 15 калории, а за телото да го разгради троши двојно повеќе. Овој зеленчук е богат со растителни влакна и одличен стимуланс на варењето. Таа е богата со калиум и витамин Ц.

Јаболка

Една средно јаболко содржи околу 100 калории , а телото троши околу 120 калории за да го свари . Покрај тоа, јаболките се одличен избор на овошје за појадок , бидејќи го забрзуваат вашиот метаболизам. Тие се богати со витамин Ц и антиоксиданси, па влијаат на намалувањето на лошиот холестерол .

Зелена салата

Една чинија зелена салата содржи околу осум калории, а бидејќи поголемиот нејзин дел се состои од вода, на телото му е потребна три пати поголема енергија во форма на калории за да ја свари. Таа е богата со железо, магнезиум и витамини, па е секојдневен додаток на здравата исхрана.