Имунитетот е чудна работа, а за неговото правилно функционирање е неопходно да се одржува рамнотежа на многу фактори во животот. Внесувањето на доволно витамини и вода, доволно спиење, мир, здрава исхрана, вежбање – кога и сето тоа ќе се усклади тешко дека ќе го избегнеме моментот кога нашиот имунолошки систем едноставно ќе ослабне. Во продолжение се неколку работи за тоа како да го зачувате вашето здравје и имунитет.

Седење

Доколку имате таква работа каде што поголемиот дел од времето седите, бидете сигурни дека тоа навистина може да ви го успори вашиот метаболизам и да го ослабне вашиот имунитет и побрзо отколку што мислите. Секој час и половина задолжително станете и прошетајте, вдишете чист воздух. И најмали движења се доволни за да го активирате вашиот метаболизам и мускулите. Исто така, доколку имате ваква работа, не си дозволувајте после работниот ден да дојдете дома и да седите повторно. Движете се, расчистувајте, бидете во движење. Здравјето за тоа ќе ви биде благодарно, верувајте.

Бирате погрешни козметички производи

Пудра, коректор и кармин – козметика која телото ја апсорбира во текот на денот. Сепак, некои од овие производи може да содржат состојки кои не и одговараат на вашата кожа. Истото важи и кога станува збор за тоници, млека за чистење на лице и слично. Пронајдете производи кои навистина му одговараат на вашиот тип на кожа или пробајте со природни состојки. Тоа е секако подобро за вашиот имунолошки систем.

Прекумерно консумирање на брза храна

Сите ние сакаме помфрит, хамбургери, пица… Но, неопходно е овие намирници да се консумираат во умерени количини. Исто така, тука спаѓаат намирниците кои содржат брашно, јаглехидрати и слично. Тие влијаат на нашиот организам и нашите клетки. Сето ова може да доведе до опаѓање на имунитетот. Изберете да консумирате повеќе житарки за да го зајакнете вашиот организам.

Спиење

Сами проценете за тоа колку на вашето тело му е потребен сон за да функционирате нормално, но обидете се да спиете најмалку седум до осум часа во текот на ноќта. Мелатонинот игра важна улога во регулирањето на дневниот ритам. Ако телото не произведува доволно мелатонин во текот на спиењето, имунолошкиот систем нема доволно бели крвни клетки за да се одбрани против бактериите. Затоа, немојте да се исцрпувате со недоволното спиење, туку направете рамнотежа за доброто на вашиот биолошки ритам и здравје.

Многу време поминувате сами

Секако, воопшто не е лошо да поминувате време сами со себе, но немојте да претерувате со тоа. Осамените луѓе имаат тенденција да бидат помалку отпорни на стрес поради што страда нивниот имунолошки систем. Рапоредете го вашето време, така што ќе се дружите со луѓе со кои се чувствувате добро, луѓе кои ве исполнуваат и надополнуваат.

Стрес

Можеби мислите дека сте отпорни на стрес и сметате дека треба и мора се да стигнете. Сепак, хроничниот стрес го зголемува нивото на кортизол, кој може да предизвика многу неповолни ефекти врз телото, како што се депресија, висок крвен притисок, опаѓање на имунолошкиот систем. Ако сте постојано на работ на нервите, едноставно забавете го темпото и почнете побавно да се движите.