Истовременото земање на некои лекови може да го наруши здравјето. При земањето на лекови, освен што е важно да се води сметка за времето на нивното земање и препорачаната доза, мора да се обрати внимание и на тоа кои видови лекови не треба да се комбинираат со оние кои ни ги има препишано докторот. Голем број лекови содржат слични супстанции, па нивното истовремено земање може да доведе до многубројни несакани ефекти.

“Коктели” таблетите можат да предизвикаат поспаност, вртоглавица, стомачни проблеми, крварење, оштетување на органите, а во некои случаи дури и смрт. Затоа е важно лековите да не се земаат на своја рака и пред користењето задолжително да ги прочитаат нивните упатства. Ова се некои од комбинациите кои за време на лекувањето треба да се одбегнуваат.

Антидепресиви и лекови против болки

Лековите од овие две групи никако не треба да се земаат заедно, бидејќи тоа може сериозно да го наруши здравјето. Комбинацијата од антидепресиви и таблети за ублажување на болките може да доведе до крварење во желудникот и во панкреасот. Овие лекови влијаат и на нивото на сератонин во мозокот, па нивното истовремено земање исто така може да предизвика вознемиреност, проблеми со дишењето, зголемена температура, како и забрзано чукање на срцето.

Антикоагуланси и ,,аспирин

Истовременото земање на антикоагуланси и ,,аспирин,, ги зголемува шансите за настанок на внатрешно крварење, а кај постоечки рани на телото може да предизвика и зголемено надворешно крварење. Ова се случува поради заедничките својства на овие лекови. Имено, антикоагулансите често им се даваат на пациентите за да се намали формирањето на крвните згрутчувања во артериите. Тие влијаат на хемиските реакции во телото и го продолжуваат времето кое е потребно за да се формира крвното згрутчување. “Аспиринот” освен што ги ублажува болките, исто како и антикоагулансите, ја разблажуваат крвта и со самото тоа го намалуваат ризикот од настанок на крвни згрутчувања.

Аналгетици и седативи

Поради сличните својства кои влијаат на смирување на организмот треба да се одбегнува мешањето со антианкциозни лекови од групата на на бензодијазепами и лекови против болки, бидејќи тоа може да доведе до труење со лекови. Преголемата доза на овие таблети го намалува дишењето и ја забавува работата на срцето, што може да доведе дури и до смртен исход кај некои луѓе.

Ацетаминофени и опијати

Лековите кои содржат ацетаминофен, односно парацетамол, треба да се одбегнува ако земате некои видови опијати. Слични супстанции кои се наоѓаат во овие препарати во поголема количина можат да доведат до оштетување на црниот дроб. Во некои случаи, испиената доза која е поголема од препорачаната може да предизвика смрт.

Лекови за кашлица и антихистаминици

Лековите за кашлица и одделни антихистаминици имаат идентичен состав, па земањето на двата може да предизвика седативен ефект. Нивната коммбинација може да доведе до засилено чувство на поспаност, што може да претставува посебна опасност за оние кои не се запознаени со седативните ефекти, а кои управуваат со возило или со тешки машини. Земањето лекови против кашлица и антихистаминици не е препорачливо но во текот на ноќта, бидејќи ефектот од нивната комбинација може да се почувствува и во текот на утрото.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина