Кои физички активности делуваат лековито на менталните тегоби?
Древната мудрост зборува за врската помеѓу менталното и физичкото здравје – речиси секој менталне пронлем или физичко решение. Иако на западната медицина и беше потребно извесно време за да се сети на оваа древна мудрост, студиите постојано покажуваат силна поврзаност помеѓу телото и умот.
Додека сите сме свесни за предностите кои ги носи позитивното размислување, понекогаш излетот вон нашиот ум е најдобриот начин на лекување.
Еве кои физички лековити активности се препорачуваат, според резултатите на најновите научни истражувања, за денес многу честите ментални тегоби.
Ако сте депресивни… Прошетка до 200 минути неделно или 30 минути дневно. Некои студии покажале дека прошетката може да биде ефикасна подеднакво како и антидепресивните лекови.
Ако сте потресени… Вдишете неколку пати длабоко, за да го подобрите виманието и да ја пренасочите енергијата. Научниците од Универзитетот Висконсин во Медисон, САД, документирале во нивните истражувања дека длабокото дишење може исклучително да ја подобри ефикасноста.
Ако сте загрижени… Вежбајте со тегчиња за да го ублажите чувството на загриженост, страв и нервоза. Истражувањата на тимот од Универзитетот во Ново Мексико покажало дека тренингот со умерен до високо напорен отпор може да ги отстрани тешкотиите.
Ако сте под стрес… Запишете се на јога. Студијата од Националниот центар за биотехнолошки инфрмации открила поврзаност помеѓу јогата и испуштањето на невротрансмитерите гама на аминокиселина која ги ублажува стресот и анкциозноста.