Пречувствителноста на млекото најчесто не е трајно нарушување и децата тоа го ,,преболуваат,, по третата година од животот, но алергичноста на кикиритки и школки останува засекогаш и луѓето мора да внимаваат на исхраната повеќе од кога било.

Одбегнувањето на давањето алергени до доцната возраст на доенчињата или по првата година од животот има контра ефект, покажале најновите студии. Според најновите истражувања, на детето треба да му се дава сета храна, но оброците треба да се прилагодат во согласност со тоа дали детето има запчиња или не.

 

Прихранувањето дури и кај атопичарите и алергичарите се воведува нормално, според инстинкт, освен алергените за коишто е докажано дека детето е алергично на нив. Не е потребно да се одбегнуваат сите прехранбени алергени до касната доенска возраст или по првата година од животот, бидејќи најновите студии покажале дека одложувањето алергени во исхраната на детето всушност ја зголемува можноста за настанок на алергија, а не ги намалува као што се мислело порано. Важно е да се истакне и дека мајката за време на бременоста може да јаде се и да се однесува нормално како и пред бременоста. Имено, консумирањето на алергените за време на бременоста не го зголемува ризикот за алергии кај детето. Дали детето ќе биде алергично на нешто, не можеме да знаеме, но тоа не е причина одредена храна да се одбегнува за време на бременоста, бидејќи разновидната и избалансирана исхрана е исклучително важна за нормален раст на детето.

 

Секако, познато е дека склоноста на алергии не е наследна и генетски условена. Затоа тоа треба да се има на ум при воведување дохрана и нови намирници и треба да се следи телесната реакција на детето.

 

Што се прераснува, а што не?

 

Најчеста алергија на храна, посебно кај децата, е онаа на кравјото млеко. На протеинот на кравјото млеко алергични се 1-3% од децата. Причината зошто ова е една од најчестите алергии веројатно е таа што белковините од млекото се првите непознати белковини со кои се среќава организмот на детето, додека имунолошкиот систем се уште не му е довлно зрел. За среќа, претчувствителноста на млеко најчесто не е трајно нарушување, па се претпоставува дека децата постари од три години повеќе немаат проблем со оваа намирница.

 

Важно е да се напомене дека растителните напитоци како зобено, кокосово или оризово млеко не се адекватна замена за кравјото млеко. Ако детето е алергично на кравјо млеко, а со тоа и на козјо млеко, единствена соодветна замена е медицинската храна збогатена со соино млеко за деца постари од една година или, во краен случај, ако ниедно од тога не му одговара на детето, му се даваат прилагодени суплементи со калциум и витамин Д3.

 

Големата осумка

 

Млекото спаѓа во таканаречената Голема Осумка. Тоа се најсилните алергени според Организацијата за храна и земјоделство (FAO). Тука , пченицата (глутен), кикиритки, јаткасто овошје, риба и морски плодови. Причината зошто организмот има проблеми со овие намирници е големата количина на протеини кои ги содржи. Алергиите на млеко, јајца, соја и пченица најчесто се прераснуваат, додека оние на кикиритки, јаткасто овошје, риба и школки најчесто остануваат засекогаш.

 

 

Симптоми

 

Може да помогне термичка обработка кај повеќето намирници, бидејќи топлината ја менува протеинската конфигурација и така ја намалува или во целост прави да исчезне алергиската реакција на одредени намирници. Кај линеарните протеини, топлината не помага, па така, на пример, алергенот кикиритки најчесто останува проблематичен и во мали траги.

Алергиската реакција на храна лесно се препознава, бидејќи се јавува веднаш по оброкот. Најлоши се т.н. брзи алергиски реакции. Во најлош случај тоа е анафилаксијата, но и отекувањето на јазикот, устата и грлото и неможност за дишење. Ваквите состојби се опасни по живот и многу е важно веднаш да се побара итна помош.

Оние побавните, подоцнежни реакции на храна, се манифестираат со пролив, болки во стомакот, зголемување на слузта, крв во столицата, осип, отекување, црвенило на кожата, чешање и појава на меурчиња. Секоја од овие реакции бара медицинска помош, и никако не се препорачува домашно лекување.

 

Алергични на јајца?

 

Алергиите на јајца се почести кај децата, отколку кај возрасните, а за оваа алергија се заслужни белковините, така што алергиите на белки се почести, иако може да се појави и алергија на жолчкатаДецата со атописки дерматитис имаат поголем ризик од појавата на оваа алергија. Алергенот е присутен во јајцата, но и во сите намирници подготвени од јајца или со нив, како што се колачи, креми, тестенини, јадења од месо, сладоледи, мајонези, а најчести симптоми се црвенило и чешање на кожата.

 

Лактозата не ја поднесуваат речиси од 80% до 100% Азијци, помалку од 5% е кај Скандинавците, додека во средна Европа тој процент изнесува 15%. За предизвикување алергиска реакција доволен е илјадити или уште помал дел грам белковини од некој алерген. Додека, пак, кај интолеранцијата, потребна е голема количина храна за да се предизвика проблем.

 

Јазикот отекува, а лицето се црвенее и од мирисање риба

Со консумирање, но и со вдишување мирис од риба, во 90% од случаите по еден час доаѓа до првите симптоми. Тие се слични со сите други симптоми на алергиска реакција, а започнуваат со зацрвенување на лицето, отекување на јазикот, отежнато дишење и гушење, уртикарија и можат да доведат до анафилактички шок. Ако личноста е алергична на еден вид риба, веројатноста да биде алергична и на некој друг вид е 50%, додека кога се работи за школките, тој процент расте на 75%. Риби кои предизвикуваат алергиски реакции се бакалар, морско куче, лосос и туна.

Внимателно со оризот, спанаќот, но и со сливите

 

Која било храна може да предизвика алергиски реакции, бидејќи тие зависат од потешкотиите на одбранбениот систем на организмот, а не од составот на храната.Тоа се свинското, речната риба, оризот, некој зеленчук (спанаќ, блитва, морков, зелка, магдонос) и овошје (кајсија, праска, лубеница, сливи, грозје, круши, јаболки), какао и кафе.

 

Протеините од пченката и ржот се најчести поттикнувачи на алергии

 

 

Алергијата на пченица е почеста кај одредена група луѓе. Алергијата на пченица е одговорна за астмата кај околу 30% од луѓето кои работат во пекарската индустрија. Протеините во пченицата и оризот се сметаат за најважни алергени кај овој вид на алергии.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина