Модринките се хематоми, како што ги нарекуват докторите, не следат од најрано детство, кога со првите чекори се соочуваме со првите удари и падови. Низ животот тие се вообичаена појава и најчесто не претставуваат причина за загриженост. Меѓутоа, доколку модринките ненадејно ви се појавуваат на телото и не се предизвикани од никаква повреда, треба веднаш да појдете на доктор.

 

Понекогаш и обична вирусна или бактериска инфекција со повишена температура може да доведе до привремено нарушување на бројот или функциите на тромбоцитите, што е причина за појава на модринки. Многу  важна е и анамнезата, која ќе му каже на докторот кои лекови ги користи пациентот, бидејќи и употребата на некои антибиотици, антиревматици и антикоагулациони лекови исто така може да доведе до појава на хематоми.

 

Една од најчестите прични за појава на модринките и точестите крварења по кожата е намалениот број на тромбоцити поради имунолошко нарушување наречено имуна тромбоцитопениска пурпура.

 

Дијагнозата се поставува така што всушност се исклучуваат инфективните причини како што се вирусните инфекции, посебно инфекциите со ХИВ вирусот, како и систематските болести на сврзното ткиво. A бидејќи е познато дека склоноста кон крварење е пропорционална на намалениот број на тромбоцити, обично до спонтано крварење доаѓа дури тогаш кога бројот на тромбоцитите ќе падне под 50×109/l.

 

Пациентите си вака намален број на тромбоцити не смеат да примаат инјекции, да земаат антиагрегациски лекови или орални антикоагуланси, додека внимателно треба да земаат антиревматици, од причина склоноста кон крварење да не се засили. Многу е важно да се обрати внимание и на бројот на леукоцитите, леукоцитната формула и вредноста на хемоглобинот, бидејќи со тоа може да се исклучи некое потешко хематолошко заболување, како што се акутната или хроничната леукемија, потоа апластичната анемија, позната кај народот како сушење на коскената срж. Ако промените во крвната слика посочуваат на сомневање на некое од овие заболувања, хематологот ќе преземе и други прегледи, пред се цитолошки преглед на коскената срж.

 

 

Според бојата се знае дали поминуваат

 

Модринките се оштетувања на малите крвни садови сместени под површината на кожата. Било да настанале како последица од удар, скршеница на коските, оштетување на мускулите, тие поминуваат на истиот начин, односно исто ја менуваат бојата. Новите се црвеникави, кои во рок од неколку часови преминуваат во сини или темновиолетови, додека по неколку дена стануваат зелени или жолти по боја.

 

Важно е да се направи и комплетен биохемиски преглед на крвта и имунолошка анализа, со цел да се исклучи постоење на некаква болест на црниот дроб, бубрезите, но и на системски болести на сврзното ткиво, кои исто така можат да бидат причина за појава на хеморагичен синдром, на прво место појава на модринки.

 

Доколку се исклучат сите овие патолошки состојби, а сепак модринки се појавуваат, што посебно може да се види кај младите жени, се работи за таканаречен пурпури симплекс. Тоа е вродена слабост на ѕидот на крвниот сад поради намалени количини на еластични и колагенски влакна на ѕидовите, понекогаш и поради недостаток на витамин Ц (опишана уште и како болест на морнарите, на долгите пловидби, поради невнесување на свежо овошје кое е богато со витамин Ц) или витамини од Б-групата.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина