Појадокот е најважниот оброк и тоа сите го знаеме. Сите имаме научено дека наутро е добро да се јадат јајца, месо, сирење, јогурт, овошје, а да се одбегнуваат слатки, кои се лепат за нас штом ги изедеме. Но, она што никој не ни го кажал е дека е сосема во ред да го прескокнете појадокот! Многумина не можат ни да замислат да излезат од дома без појадок или да не каснат ништо по 4 часа, нешто што ќе ги ги држи сити, но тоа е сосема нормално. Во текот на ноќта сме во состојба да не јадеме 8 до 10 часа, па зошто не би можеле тогаш и во текот на денот?

Некои сметаат дека никогаш не би можеле да го прескокнат појадокот, да не јадат 4 или 5 часа, или да не каснат во текот на целиот ден барем еден чоколаден колач. Иако сите ја знаеме важноста на појадокот, забележано е дека дури 30% од Американците и Европејците го прескокнуваат појадокот. Исто така, истражувањата покажале дека токму тие исти луѓе се многу поздрави, иако нивниот појадок е сведен многу често на едно испиено кафе додека чекаат автобус!

Тогаш, зошто не учат дека појадокот е толку важен? Со скенирање на мозокот на луѓето кои го прескокнуваат појадокот, британските научници дошле до заклучок дека оние кои не појадуваат, подоцна во текот на денот бараат помасна, покалорична храна. Ова особено тешко им паѓа на оние кои сакаат да бидат на диета. Нутриционистите потврдуваат дека појадокот е битен во диетите, бидејќи го ублажува апетитот во текот на денот.

На испитаниците кои учествувале во британското истражување, од кои сите имале нормална тежина, во два наврата им биле прикажувани фотографии со калорична храна – кога појадувале и кога го прескокнувал појадокот. Резултатите од магнетната резонанца покажале дека мозокот им бил ,,понаклонет,, кон покалорична храна во деновите во кои не појадувале. Кога им бил понуден ручен во деновите кога не појадувале, јаделе за една петтина повеќе калории од вообичаено. Научниците најавиле дека слична студија ќе направат меѓу дебели испитаници, за да видат дали и нивниот мозок ќе реагира на ист начин.

Врз се погоре кажано, може да се заклучи дека оние кои не појадуваат имаат тенденција повеќе да јадат во текот на денот, па со тек на време да се здебелат, наместо да ослабнат. Но, ако луѓето се придржуваат до овие правила: одбегнување цигари, занимавање со спорт, отфрлање на слатките, тогаш можат да бидат совршено фит и без да појадуваат наутро.

Меѓутоа, одбегнувањето на појадокот не се препорачува на децата кои се во фаза на развој. Исто така, некои луѓе имаат поголема потреба за појадок од други, па нивниот метаболизам повеќе им бара кога станува збор за овој оброк.

Затоа се препорачува секој човек да го слуша своето тело и да се однесува во согласност со него. Вие најдобро знаете дали се чувствувате омалаксано ако не појадувате или прескокнувањето на појадокот прави да се чувствувате полесни и позадоволни.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина