Холестеролот е молекула слична на масните киселини и е толку многу важна за нормална работа на организмот, што сите клетки во телото имаат способност да го создаваат. Потребата за него е исклучително голема па, кога клетките не можат доволно да го произведат, во неговото производство помага црниот дроб. Во нашето тело се произведува три до пет пати повеќе холестерол отколку што го внесуваме со храната. Ако во храната го има многу малку, се зголемува сопственото производство. Доколку, пак, многу го внесуваме преку храната, во клетките се намалува неговото производство. На телото холестеролот му е потребен за разни функции и го произведува онолку колку му е потребно.

 

За што се му е потребен холестеролот на телото?

 

Холестеролот е важен за здраво функционирање на мозокот и штити од депресија. Делува како силен антиоксиданс и дури не заштитува и од рак. Без него нашата кожа не е во состојба да го синтетизира витаминот Д од сончевата светлина. Со премалку холестерол нашето тело не може да создава нови клетки, а не успева ни доволно брзо да ги обновува старите, што води до забрзано стареење.

Освен што е градивен материјал за телото, холестеролот во телото се користи за синтеза за хормоните потребни за борба против стресот. Токму ова е објаснувањето зошто стресот го подига нивото на холестеролот во крвта – бидејќи повеќе ни треба за да може телото да се носи со зголемените побарувања. Постарите луѓе имаат повеќе холестерол, бидејќи за време на нивниот животен век дошло до поголемо клеточно оштетување во однос на помладите луѓе, па поради тоа нивниот холестерол не е паметно да се снижува со лекови. Патем, луѓето со зголемено ниво на холестерол живејат подолго од оние кои имаат пониско ниво на холестерол во крвта.

Холестеролот, помеѓу останатото, ги гради и ги стабилизира ѕидовите на клетките односно мембраната која ги штити сите клетки на нашето тело. Според поновите истражувања токму ѕидот е главниот дел на клетката кој ја врши размената на материите и информациите помеѓу клетките и нејзиното опкружување. Холестеролот е главна состојка на жолчката која е потребна за варење на маснотиите, но и на сите витамини растворливи во масти. Холестеролот претставува претстадиум потребен за производство на хормоните како што е кортизолот, Д-витаминот и сите три полови хормони – тестостеронот, естрогенот и прогестеронот. Понатаму, холестеролот се користи за градење на нервните влакна и за пренесување на нервните импулси и за јакнење на имунолошкиот систем на организмот.

Мозокот не може да функционира без холестерол

 

Без холестеролот, човечкиот мозок не може да функционира. На хемиските процеси кои ги создаваат нервните импулси им е потребна континуирана локална продукција на молекулите на холестеролот. Поради тоа токму мозокот е органот кој содржи најголема количина од оваа важна молекула. Холестеролот е потребен за нормална функција на рецепторот серотонин (супстанција во мозокот од која добро се чувствуваме) па недостигот на холестерол се поврзува со аресивноста и насилното однесување, депресијата и нарушувањата на самодеструктивност. Холестеролот учествува во поправањето на оштетените клетки во телото и ги чисти и неутрализира токсините кои настануваат поради разни воспалителни процеси во организмот. Холестеролот е исто така важен за одржување на здравјето на ѕидовите на цревата, па исхраната со мала количина холестерол може да доведе до настанување на пропустливост на ѕидовите на цревата и до други цревни проблеми.

Без холестерол нема живот. Јајцето, кое е зачеток на животот, е намирница која е најбогата со холестерол. Имено, потребно е многу холестерол за да се создаде едно живо топлокрвно сушптество. Мајчиното млеко е посебно богато со холестерол и ензими кои му помагаат на детето што подобро да ја искористи оваа хранлива материја. Зошто? Затоа што токму на новороденчињата и на малите бебиња им е потребна храна богата со холестерол за нормален развој на мозокот, нервниот систем и за многу други функции на телото.

Холестеролот е значи природно соединение кое нашето тело само го произведува и го регулира сопственото производство до оптимално ниво, каде внесувањето на холестеролот преку храната претставува само помал дел. Токму поради тоа обидот за интервенирање однадвор на количината на холестерол во крвта е сосема небиолошко и нелогично. За жал, статини им се продаваат и на болните и на здравите, иако не постојат докази дека снижувањето на холестеролот гарантира подобро здравје. Уште помалку има докази за евентуалните предности на овој лек во однос на нус-појавите кои ги предизвикува. Најголема полза од овој лек немаат пациентите, туку индустријата за лекови. Статините се најпродаваните лекови во светот, бидејќи не се продаваат само за кратка употреба, туку се трошат доживотно.

Што се всушност тоа ,,маснотии во крвтаилихолестерол во крвта”?

 

Холестеролот се транспортира преку крвта за да дојде до клетките на кои им е потребен. Овој транспорт се одвива во одредени “пакети”, кои се нарекуваат липопротеини: ВЛДЛ (во наодите се нарекуваат триглицериди), ЛДЛ и ХДЛ (ЛДЛ: Липопротеин со мала густина; ХДЛ: Липопротеин со висока густина; ВЛДЛ: Липопротеин со многу ниска густина). Вкупната вредност на овие пакети го дава она што се нарекува ,,вкупен,, холестерол.

Триглицерди: ниската вредност е добра (под 1,7 единици). Нивото над 1,7 е знак за метаболички синдром и значи зголемен ризик за срцеви болести. Високата вредност зависи од претераното консумирање на јагленохидрати. Имено, триглицеридите не настануваат од маснотиите кои ги јадеме, туку настануваат во црниот дроб од шеќерот кој не искористен за енергија. Изворот на овој шеќер е секоја храна богата со јагленохидрати, посебно шеќерот и белото брашно. Повеќето луѓе кои се хранат според начелата на ЛЦХФ имаат ниска вредност на триглицериди.

ХДЛ: Високата вредност е добра, бидејќи ова е добар, заштитен холестерол. Ниските вредности покажуваат ризик од срцеви болести. Нивоата под 1,0 (за мажи) и под 1,3 (за жени) се показатели за метаболички синдром. Метаболичкиот синдром претставува збир од метаболички нарушувања кои го зголемуваат ризикот за развој на срцево-артериски болести и дијабетес тип 2. Тие нарушувања се зголемен крвен притисок, зголемен шеќер во крвта и/или инсулинска резистенција, нарушена вредност на маснотиите во крвта (зголемени триглицериди и низок ХДЛ) и абдоминална дебелина (насобирање на масно ткиво во пределот на стомакот. Вносот на заситени маснотии го подига ХДЛ, а вносот на јегленохидрати го смалува. Повеќето од оние кои се хранат според начелата на ЛЦХФ имаат високи врености на ХДЛ.

ЛДЛсе препорачува вредност под 3,0 единици, но ова не е толку едноставно да се процени поради тоа што постојат ЛДЛ честички со разни големини, каде малите и густи честички се опасни, а големите и проѕирни не се. Ниската вредност на триглицеридите и високата вредност на ХДЛ укажуваат дека ЛДЛ честичките се големи безопасни, па во тој случај поголемата вредност на ЛДЛ не претставува ризик. Меѓутоа, високата вредност на триглицеридите и ниската вредност на ХДЛ укажуваат на тоа дека ЛДЛ честичките се мали и опасни, па во тој случај високиот ЛДЛ е лош.

Вкупен холестерол/ХДЛДоктор Андреас Енфелд вели дека вредноста на вкупниот холестрол не кажува многу за евентуалниот ризик за развој на болест, туку дека треба да се гледа сразмерот помеѓу вкупниот и ХДЛ холестерол. Доколку тој сразмер е под 6 тоа е добро, под 5 е уште подобро, a под 4 е одлично. Значи, ако заштитниот ХДЛ холестерол е висок, тогаш и вкупниот холестерол ќе биде повисок, што во тој случај е само добро. На пример, ако вкупниот холестерол е 8, a ХДЛ е 2, сразмерот е 8:2 = 4, што е одлично. Ама ако вкупниот холестерол е 8, a ХДЛ е само 1, тогаш сразмерот е 8:1 = 8, што е лошо.

За жал лабораториите обично ја мерат само вкупната концентрација на ЛДЛ холестеролот во крвта, шо не ни кажува ништо за видот на неговите честички. Имено, треба да се знае дека постојат мали, ситни густи честички на ЛДЛ холестеролот, кои се опасни бидејќи полесно оксидираат (а само оксидираниот холестерол може да создаде наслјки во артериите), а постојат и големи, проѕирни честички ЛДЛ кои се безопасни. Истражувањата покажале дека ЛЦХФ исхраната ги менува ЛДЛ честичките од мали во големи, и дека доаѓа до намалување на нивниот вкупен број. Иако во некои случаи ЛЦХФ исхраната може да доведе до мало зголемување на ЛДЛ, тој се менува во бенигнен вид (големи честички) што всушност го намалува ризикот за заболување од срцеви болести.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина