Доаѓа летото, а вие никако не можете да ги тргнете од себе неколкуте килограми кои ги добивте во текот на зимата. Иако многумина денес непотребно се оптоваруваат со вишокот на килограми, сепак мора да постои одредена граница. Прекумерната тежина претставува сериозен здравствен проблем и ризик фактор за развој на други патолошки состојби или болести. Иако можеби не сакате да си признаете на себе дека имате проблем, постојат неколку знаци кои ви откриваат дека е крајно време да ги превземете работите во свои раце и да се ослободите од неколкуте вишок килограми.

1.Облеката ви е премала

Самиот факт што не можете да ги облечете омилените тренерки би требало да ви биде доволен. Доколку поголемиот дел од облеката ви е претесна или прекратка, тоа значи само едно- сте се здебелиле. Наместо да купувате нова гардероба, подобро размислете за здрава исхрана и вежбање.

2. Мајка ви ве опомена

Доколку дури и мајка ви ви кажа дека малку сте се здебелиле, тогаш тоа е секако така. Вашата мајка сигурно ви го посакува само најдоброто,но дури ако и таа ве опомена, тогаш значи дека ситуацијата со вишокот килограми е поприлично сериозна. Разговарајте со вашата мајка и немојте да се навредите ако таа ви каже дека морате да ослабете, бидејќи таа се грижи за вашето здравје.

3. Ви недостига енергија

Недостатокот на енергија е еден од алармантните знаци кои укажуваат на тоа дека е време да ја намалите тежината. Доколку постојано се чувствувате уморно и тромо, тоа може да биде еден од знаците дека треба да ослабете, особено ако претходно не сте имале проблеми со недостатокот на енергија. Секако, постојат и многу други причини за безволност, како депресија, па во секој случај треба да посетите лекар за да ја откриете причината за тоа.

4. Вашиот лекар ве советуваше да ја намалите тежината

Кога сме веќе кај лекарот, доколку и тој ја спомена вашата тежина како здравствен проблем, тоа е сериозен знак дека сте ги поминале границите. Прекумерната телесна теина навистина може да предизвика сериозни болести и негативни здравствени последици. Проблемите со дишењето, кардиоваскуларните болести и дијабетисот се само некои од нив. Доколку вашиот лекар ве предупредил на некои од наведениве ризици, тогаш е време со негова помош да составите план за слабеење и нов начин на исхрана.

5. Го избегнувате огледалото

Доколку не се чувствувате пријатно во вашето тело, тоа би можело да биде еден знак дека мора да го промените својот начин на живот и исхрана.Можеби претерувате доколку не сакате да се видите в огледало бидејќи мислите дека сте предебели, но понекогаш навистина треба да ги послушате своите инстинкти и внатрешниот глас.

tezina_1

6. Вашиот индекс на телесна маса е премногу висок

Индексот на телесна маса (BMI) е многу јасен и очигледен показател за тоа дали вашата тежина е здрава или не. Се пресметува на тој начин што телесната маса на личноста во килограми се дели со квадратот на висината во метри. Вредностите на препорачаниот BMI се подеднакви кај двата пола, тие изнесуваат од 18,5-24,9 kg/m2, според класификациите на Светската Здравствена организација за жителите од Европа. Значи, доколку вашиот индекс е над 25, време е да ги превземете нештата во свои раце.

7. Бројките на вагата ви укажуваат на тоа

Иако вагата не е сосем адекватен показател за тоа дали вашата тежина е здрава или не, бидејќи таа зависи и од многу други фактори, сепак, може да биде добра алатка која покажува дали имате вишок килограми. Ако бројките на вагата ви покажуваат дека сте се здебелиле повеќе отколку што сте требале, тогаш тоа е јасен знак сам по себе.

8. Не сте свесни за тоа колку јадете

За да ја одржите тежината на нормално ниво, на поголемиот број возрасни жени им се потребни помеѓу 2000-2500 калории дневно, секако, во зависност од физичката активност. Доколку немате поим колку калории дневно внесувате, време е тоа да го промените. Морате да бидете свесни за тоа која храна ја внесувате и каква енергетска вредност таа ја има. За што полесно да го следите секојдневното внесување на калории, можете да водите дневник на исхраната во кој ќе запишувате се што јадете.

9. Телото тоа ви го говори

Сите претходно наведени знакови се беззначајни во споредба со она што ви го говори сопственото тело. Повторуваме, слушајте се самите себе. Вашиот внатрешен глас можеби ви порачува нешто што не сакате да го слушнете.

10. Чукање на срцето

Неправилното чукање на срцето е еден од сигурните знаци дека треба да изгубите на тежини. Имено, голем број дебели луѓе имаат забрзано чукање на срцето заради високиот крвен притисок и лошата исхрана. Ако имате проблеми со чукање на срцето, би требало што побрзо да го посетите вашиот лекар, за да ја утврдите вистинската причина. Без оглед на тоа дали неправилното чукање е предизвикано од стресот или дебелината, овој знак не смеете да го игнорирате.

11. Не можете да си ги видите стапалата

Застанете исправено и погледот насочете го кон своите стапала. Ако вашиот стомак е толку голем и вие не можете да си ги видите стапалата, тогаш знаете дека имате проблем. Колку е поголем обемот на вашиот струк, поголеми се и негативните последици за вашето здравје, па поведете грижа за тоа. Ако не можете да си ги видите сопствените стапала, тогаш е крајно време да превземете нешто.

12. Знаци кои ви ги испраќа телото

Кога имате преголема тежина ,вашето тело ви испраќа знаци за внимание.Честите главоболки, постојаната желба за храна, проблеми со спиењето, бавен метаболизам и безволност се само некои од симптомите од кои треба да обрнетепосебно внимание и никако не смеете да ги занемарите.

Доколку се препознавте во поголемиот број од наведените точки, тогаш е дефинитивно време нешто да превземете и да започнете да размислувате за промена на начинот на живот. Свесни сме дека не е лесно да донесте ваква одлука, но тоа е нешто што морате да го направите доколку ви е грижа за сопственото здравје и доколку сакате да станете посреќна и позадоволна личност.

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.