Иако секојдневно голем број луѓе пијат лекови, малкумина од нас обраќаат внимание на делот од денот кога всушност треба да се пијат. Се поголем број здравствени стручњаци истакнуваат дека точниот термин за пиење е многу поважен отколку што тоа го мислат пациентите, посебно кога се работи за артритис, остеопороза и желудочни киселини. Имено, времето на пиење на лекот влијае врз неговата ефикасност. Најновото американско истражување објавено во списанието Nature, идентификувало дека проблемите со срцевата артитмија се почести во утринските часови. Стручњаците веруваат дека тоа значи дека пацинетите кои земаат антикоагуланси за превенција од срцев или мозочен удар можат да го зголемат ефектот со земање таблети наутро, штом станат. Се смета дека со клучниот наш циркадијурен ритам, внатрешниот часовник на нашето тело, управува хипотамамусот. Ако сакате да знаете кое е најдобро време за да го земате вашиот лек, проучете ги советите на стручњаците кој ги консултирал Daily Mail.

Остеопороза

Најчести пропишани лекови за остеопороза се бисфосфанатите, кои се препишуваат за да се спречи губењето на коскената маса. Овие лекови слабо се апсорбираат, бидејќи не се топат добро, посебно во масти и масла. Затоа треба да се пијат наутро со вода и на празен желудник. Пациентите треба да чекаат еден час пред да јадат или пијат нешто.

Висок крвен притисок

Ако земате навечер таблети за регулирање на високиот крвен притисок, можете подобро да го контролирате високиот крвен притисок и да го намалите особено многу ризикот од срцев и мозочен удар.

Артритис

Болните од остеоартритис веројатно ќе почувствуваат најсилна болка во зглобовите во попладневните часови, па оптимално време за земање на лекови, како што е ибупрофенот, е во периодот од 12 часа до средината на попладне, така што таблетата има ефект кога ќе почнат да се засилуваат симптомите.

 

Висок холестерол

Денес се препорачува лековите против холестерол да се земаат пред спиење, наместо наутро. Истражувањето спроведено на Универзитетот во Сандерленд открива дека кога на пациентите кои земале симвастатин им бил сменет терминот на земање на таблетите, така што го пиеле лекот наутро наместо навечер, дошло до значаен пораст налошиотЛДЛ холестерол.

Желудочна киселина

Општ совет е лековите кои го потиснуваат производството на желудочната киселина да се земаат 30 минути пред првиот оброк во денот. Меѓутоа, неодамнешната студија од Универзитетот во Канзас тврди дека е подобро лековите против рефлукс да се земаат во вечерните часови. Повеќе од 70% болни со гастро-рефлуксна болест имале помалку симптоми кога го земале лекот во попладневните часови или навечер наместо во утринските часови.

Лекови за срце

Веќе некое време е познато дека срцевиот и мозочниот удар имаат за трипати поголема веројатност да се случат во утринските часови отколку во било кој дел од денот, но досега не беше јасно зошто. Но, истражувањето објавено минатиот месец заклучува дека протеинот наречен КLF15 е пресуден во регулирањето на срцевиот ритам. Истражувачите откриле подеми и падови во нивоата на овој протеин во 24-часовниот циклус. Срцевите електрични импулси се најбавни од шест часот наутро до попладне. Кога импулсите ќе забават, срцето е под поголем ризик да биде исфрлено од ритам. Тоа го зголемува ризикот од срцев удар, што значи дека утрото е најдобро време за да се испијат лековите за срце.

Тагови: лекови
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина