Постојат многу теории за тоа кое е оптималниот дел од денот за вежбање. Истражувањата покажуваат дека еден човек може да се навикне на физичка активност во различни периоди од денот, но идеалниот тајминг е крајно субјективна работа. Ова се предностите и недостатоците од вежбањето во утринските и во вечерните часови.

 

НАУТРО

 

Предности

 

• Можност непречено да се заврши нешто важно пред другите дневни обврски
• Прилив на енергија
• Подобрен процес на согорување на мастите
• Енергични физички активности во утринските часови го забрзуваат метаболизмот во следните 12 часа

 

Недостатоци

 

• Некои луѓе тешко се будат и функционираат во првите утрински часови
• Оние кои земаат антидијабетици пред вежбањето мора да го измерат нивото на гликоза во крвта, а потоа и да појадуваат, со цел да спречат да не дојде до хипогликемија

 

ПОПЛАДНЕ И НАВЕЧЕР

 

Предности

 

• прилив на енергија по бурниот и напорен ден
• Истраќувањата покажуваат дека луѓето се чувствуваат посилно во попладневните часови

 

Недостатоци

 

  • Физичката активност непосредно пред легнување може да го наруши сонот
  • Полесно се откажува тренингот ако се појави некаква примамлива друштвена активност
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина