Ако сакате да добиете виток изглед, дознајте што врвните професионалци препорачуваат во текот на траењето на диетата. Павилата се кршат само кога добро ги познавате, а еве и неколку конкретни совети

Што е создавање на калориски дефицит?

Покрај аеробните вежби, многу фитнес натпреварувачи во текот на предсезоната следат диета со многу малку јагленохидрати, а тоа вклучува пилешки гради без кожа, белки од јајца, туна и протеини во прав. Покрај тоа, се ограничува и вносот на јагленохидрати на 20 – 35 грама дневно, во зависност од тежината, метаболизмот и нивоата на активност. Одржувањето на количините на јагленохидрати на ниско ниво во телото создава енергетски дефицит и го контролира инсулинот (хормон кој го стимулира гладот и игра улога во складирањето на мастите). Се смета дека ниското ниво на инсулин олеснува согорување на телесните масти. Меѓутоа, лошата страна на создавање на калориски т.е. енергетски дефицит е во тоа што телото во повеќето случаи се адаптира на намалениот внос на калории и почнува да согорува помала количина од истите. Прекинувањето на диетата (на пр. денот кога мамите) може да го прекине овој процес на намалено согорување. Постојат и други предности од мамењето за време на диетата. Диетите против масти можат да предизвикаат намалено ниво на тироидните хормони (хормоните на штитната жлезда) и на лептинот, кој делува директно на согорувањето на мастите како и на IGF (факторот на раст на инсулинот кој го поддржува растот на мускулното ткиво). При мамење овие процеси се враќаат во нормала.

Воздржување од уживање

Поголемиот број фитнес спортисти јаде точно дефинирана количина на храна и со мал додаток на кардио тренинг создаваат енергетски дефицит од 3500 до 5000 калории на неделно ниво. Додавањето на еденлаженоброк неделно нема да го наруши целокупниот процес на согорување (просечната вредност на кој било оброк кој го сакате, а не смеете да го јадете, изнесува околу 500 – 800 калории).

Кинг Камали, професионален бодибилдер, објаснува како мамењето за време на диета всушност помага во процсот. Тој мами на секој 10 дена, а на натпреварите е секогаш во фасцинантна форма. Оброкот со кој мами пред натпревар воглавно изнесува околу 600 – 770 калории, иако може да оди и малку погоре. Кинг смета дека мамењето за време на диета овозможува да се постигне неопходното оптоварување од процесот на диетата, а притоа го ресетира и забрзува метаболизмот. Со ваков оброк кој содржи многу сол, треба да се испие и многу вода, со цел да се спречи задржувањето на флуидите во организмот.

Мамење (“cheat meal”)

Како и сите бодибилдери, Трој Алвес се потпира на исхраната со цел да ги постигне посакуваните цели на своето тело. Исто така, и тој верува во мамењето за време на диета и тој го прави тоа секој трет ден. Тој сака во својата диета да додаде чизбургер со салата, но без леб. Кога сака да изеде јагленохидрати, тогаш се определува за сладок компир со малку путер или кафеав шеќер. Верувале или не, неговото тело следниот ден изгледа уште поцврсто.

Tреба да се има на ум дека за време на процесот на симнување на масните наслаги, оброкот за мамење треба да биде дел од целокупниот план. Се додека јадете 5 – 6 оброци дневно и го контролирате калорискиот внос, а при тоа го зголемувате консумирањето на протеините, макар и малку, оброкот на мамење нема воопшто да ве забавува.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина