Kofeinski-smoothie-05

Кога треба да се подготвите за кардио вежбите во раните утрински часови, или да се разбудите пред тренинг, малку кофеин одлично ќе ви дојде. Во комбинација со протеинскиот вкус на чоколадо, овој пијалак ќе ве подигне и освежи. Со многу малку јаглехидрати, идеално се вклопува во секоја диета.

Состојки (3 dl):

30 g whey протеин од чоколадо

1 dl инстант кафе направено со бадемово млеко

1 dl студено бадемово млеко

4 коцки мраз

Начин на подготовка:

Загрејте 1 dl млеко и направете силно инстант кафе. Оставете да се излади, па измиксајте го со останатите состојки. Декорирајте со малку кафе.

Нутритивни вредности:

Енергетска вредност: 144 kcal

Протеини: 23 g

Масти: 4 g

Јаглехидрати: 2 g

Влакна: 1 g