Консумирањето кафе за многумина е неопходен дневен ритуал. Но, дали кафето ќе ви помогне во ефикасноста при вежбањето? Овој вистински антиоксиданс крие тајна која ќе ви помогне при губењето на вишокот килограми и постигнувањето на посакуваните резултати.

 

Многу научни студии покажале дека умереното консумирање кафе може да ни ја подобри ефикасноста во вршење на задачите кои бараат внимателност. Исто така, консумирањетo кафе во соодветна мерка може да го контролира претераното производство на слободни pадикали кои, меѓу другото, ни ја прават кожата поуморна. Кафето не прави поактивни и помалку уморни, а сето тоа заедно и поефикасни во теретана.

 

Кафето, односно внесување на кофеин ги подобрува перформанските во вежбите за издржливост, вклучувајчи ги и  тимските спортови. Меѓутоа, нејзиниот уддел во спортовите и вежбите со висок интензитет е краткотраен и се уште се проучува.

 

Ефектот на кофеинот во нашето тело започнува по 25 до 30 минути од консумирањето. Пред одењето во теретана, најдобро е да се консумира ,,чисто,, односно без додаток на шеќер. Ако сепак сакате послатко кафе, засладете го со стевија како алтернатива за шеќерот. Доколку го пиете со млеко, одберете го она кое е помалку масно или уште подобро бадемово или оризово. На тој начин ќе одбегнете да додадете ,,празни калории,,, односно оние кои не содржат никакви хранливи материи.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина