Жолто – портокалова : Чувар на кожата

zolto-portokalova hrana

Жолтата и портокаловата боја се боја на сонцето. Не случајно намирниците што се обоени со овие бои (морковот, дињата, кајсијата, јајцата) се токму оние кои имаат големо количество на каротин (провитамин на витаминот А) во својот состав и го штитат ткивото на кожата и слузокожата. Жолто-портокаловиот пигмент каротин освен што учествува во сите процеси на развој на организмот, го прави епидермот поотпорен на дејството на ултравилиолетивите зраци, на ветерот и загадениот воздух. Освен тоа, каротинот, односно витаминот А го поттикнува создавањето на рибонуклеинската киселина-супстанција која го обезбедува пренесувањето на наследните особини.

Во летната сезона пред да почнете да се изложувате на сонце потребно е да го зголемите внесувањето на жолто-портокалови намирници, при што треба да се води сметка за некои правила кои ја олеснуваат асимилацијата на нивните активни состојки. Познато е дека само една четвртина од каротинот присутен во растенијата се претвора во витамин А. Поради тоа не е доволно дневно да се изеде само еден морков – во разновидната исхрана идеалното количество би било три моркови, или пет поголеми кајсии или половина диња.

Колку каротин ќе апсорбира организмот зависи од начинот на подготвување на храната. Од варениот морков (најдобро на пареа) каротинот многу полесно се разложува отколку од несварениот морков. Слична е ситуацијата и ако зеленчукот се пасира наместо да се сечка на парченца.

Постојат одредени фактори кои негативно влијаат врз апсорпцијата на витаминот А – физичката активност честири часа по јадењето, алкохолот, прекумернто количество железо, кортизонски лекови, како и производи кои содржат адитиви (особено нитрати). За да биде поефикасно дејството на витаминот А, потребно е заедно со него да земете и витамин Ц и витамин Е, како и витамини од групата Б. Поради тоа, слободно наполнете ги чиниите со зеленчук, со јајца, со интегрално жито, јогурт, млеко и разновидни салати.

Витаминот А и припаѓа на групата липосолубилни витамини, кои не се растворливи во вода. За да може организмот да го искористи, потребна е „масна средина“, па така нема логика да се прејадете незачинети моркови и да очекувате карипска потемнетост на кожата. Вистински ефект се постигнува ако морковот кратко време го ставите на пареа и му додадете неколку капки маслиново или некое друго масло. Истото се однесува и на жолто-портокаловото овошје кое треба да се испасира или да се исечка на мали парченца и да се измеша на пример со јогурт.

Црвено и зелено: Боите на младоста

crvena boja

 

Меѓу разновидните зеленчуци и овошја, „зеленото“ и „црвеното “ се вистински сојузници на младоста. Првите помагаат во одржување на виткоста, а другите ја поттикнуваат работата на имунолошкиот систем и го забавуваат стареењето.

Брокулите, магданосот, спанаќот и зелената салата помагаат во метаболизирањето на мастите, ја отстрануваат надуеноста на стомакот и го поттикнуваат исфрлањето на течностите собрани во форма на целулит. Исто така, благодарение на високиот процент на растителни влакна овозможуваат чувство на ситост, односно го залажуваат гладот. Оттаму произлегува правилото – „повеќе зеленило во чинијата, поалку калории, сало и целулит“.

Доматите, црешите, црвените пиперки, рибизлите и јаболката содржат црвени пигменти кои вршат детоксикација на клетките и ги заштитуваат од дејството на слободните радикали. Најновите истражувања покажуваат дека процесот на стареење, предизвикан од дејството на слободните радикали успешно се прекинува благодарение на билофлавоноидот од црвените намирници.

За да можете што подобро да ги искористите производите што им се спротиставуваат на годините, потребно е да бидат застапени во секојдневната исхрана со почитување на овие едноставни правила – еднаш дневно јадете интегрално жито; ограничете го количеството на слатки ; три пати неделнo јадете варен зеленчук ; дневно треба да се испијат барем осум чаши течности (чај, вода, овошен сок); доколку е можно одбегнувајте ги конзервираните производи- особено ако содржат адитиви; месо не треба да се јаде повеќе од три пати неделно; старите сирења и кашкавалот треба да се ограничат на три пати неделно по 60 грама; навикнете се да го намалите количеството на кујнска сол која можете да ја замените со ароматични треви и зачини. Производите што го спречуваат стареењето треба повеќе да се јадат во свежа состојба зошто високите температури при варењето ја намалуваат нивната ефикасност. Меѓу два оброка се препорачува чај од мајчина душица и лаванда, кој во меѓународната медицина е познат како лек кој ги „брише” трагите од времето. Еднаш неделно јадете само зеленчук, а месото, рибата, јајцата и сирењето заменете ги со 150 грама варена леќа. На овој начин уште повеќе се потенцира дејството на црвено-зелените намирници, а организмот полесно ја претвора храната во енергија.

Белата – боја на чистотијата

bela boja

Млеко, јогурт и бадем : во ова снежно бело трио е кријат тајните на убавината кои треба да се искористат во моментот кога температурата на воздухот почнува да се зголемува, а жедта станува се почеста.

Млеко – најновите научни истражувања открија дека биоактивните протеини во млекото дејствуваат како имуностимулатори кои ја поттикнуваат природната заштита на организмот. Протеините од млекото (казеин, имуноглобин) имаат мошне висока биолошка вредност. Со нивното дејствување се воспоставува рамнотежа во организмот која е нарушена поради исхраната богата со месо типична за зимските месеци. Освежителните пијалоци од млеко особено се добри за оние што имаат проблеми со килограмите зашто 100 грама млеко содржи само 37 калории.

Јогурт– со дејството на два микроорганизми во јогуртот(lactobacilius bulgaricus i streptococcus termophilus) се зголемува нивото на киселост на оригиналната состојка-млекото : во малку позгусната состојба му се зголемува хранливата вредност. Лактозата (млечниот шеќер) се претвора во млечна киселина која лесно се вари и ја помага апсорпцијата на калциумот и на фосфорот. Процесот на ферментација ја поттикува работата на црниот дроб со што се добива крајниот ефект- блескава и чиста кожа. Освен класичниот јогурт, корисни се и јогуртите збогатени со пробиотици. Науката со текот на времето открила дека овие ензими кои живеат во цревата имаат извонредна моќ за одбрана од дејството на желудочната киселина. Јогуртот се препорачува како пијалок за секое време од денот, а особено за појадок. За убава и здрава кожа, за правилна функција на црниот дроб и бубрезите, за отстранување на надуеноста на стомакот и таложењето на мастите можне ефикасни се следните комбинации – еднакви делови на јогурт, минерална вода и овошен сок по сопствен вкус, потоа сок од лимон и ситно исецкана пиперка, како и јогурт, минерална вода, две-три зрна морска сол и сосем малку нане. Исто така, не треба да се заборават ниту егзотичните варијанти на јогуртот како што се кефирот и кумизот.

Бадемово млеко – Малите количества бадеми (не повеќе од 10 дневно) претставуваат извонреден хранлив додаток зашто содржат растително масло кое ја зголемува еластичноста на клеточните мембрани . Бадемовото масло помага во апсорпцијата на витамините од намирниците, особено свежиот зеленчук и интегралното жито, но и самото бадемово масло е богат извор на витамин Б, како и минералитеш калциум, фосфор, железо, цинк и магнезиум. Магнезиумот е посебно значаен, зашто на адекватен начин го претвора шеќерот во енергија, ја зајакнува мускулатурата, а според некои сознанија помага во авторегулацијата на телесната температура при нагли временски промени.

Сето ова укажува дека бадемот има зелено светло во здравата исхрана. Можете да го внесувате на пример за појадок заедно со корнфлекс или исечкан во салати, или во форма на млеко, извонредно освежителен пијалок. Млекото од бадеми се подготвува на следниот начин се потопуваат два прста бадеми во две чаши вода и добро се меша. Се остава да постои петнаесетина минути, повторно добро се меша, се процедува и пие. Преостанатиот талог може да се искористи како хидратантна маска, благотворна за сувата и оштетена кожа на лицето.

Тагови: боиИсхрана