Секој посакува рамен, цврст, тониран стомак. И, додека многумина сакаат да одат чекор понапред и да го добијат најпосакуваното нешто од фитнесот ; односно т.н „плочки на стомакот”, други се задоволни со одржување на тенкиот струк. Без оглед на тоа што е вашата цел додека правите стомачни вежби, има многу информации и дезинформации во врска со вежбањето на оваа специфична област.

 

Прво, важно е да се сфати дека добро дефинирани „плочки на стомакот” се производ на правилен начин на исхрана и вежбање. За да бидете во можност да ги видите вашите стомачни мускули значи дека треба да имате многу малку телесни масти; за мажите ова обично значи нивоата на телесни масти да бидат 10% или помалку, а кај жените 16% или помалку. Постои една стара изрека во бодибилдингот, која гласи “плочките на стомакот се прават во кујната“, па затоа осигурајте се покрај правилен начин на вежбање, вашата исхрана да биде во ред.

 

Секако, како што е и насловот на оваа статија, сигурно сте се запрашале- кое е најдоброто време за да ги вежбате вашите стомачни мускули? Мислењата варираат бидејќи на ова прашање нема едноставен одговор. Како и на многу прашања поврзани со фитнесот, одговорот е- зависи од целта која сакате да ја постигнете!

 

 

 

 

Во продолжение се неколку опции кои би требало да ги разгледате :

 

• Стомачни вежби на крајот на вашиот тренинг за сила или кардио тренинг – главната предност на изведувањето на вашите стомачни вежби на крајот на тренинготе во однос на потрошувачката на енергија, односно стомачните вежби се полесни отколку сложените вежби како чучњевите или мртвото дигање. Ова значи дека и покрај тоа што сте вежбале напорно, се уште треба да имате доволно енергија за да го завршите вашиот тренинг со неколку ефективни стомачни вежби.

 

• Стомачните вежби да ги направите во текот на вашиот тренинг за сила или кардио тренингот – одличен начин за изведување на стомачни вежби на ефикасен начин, и тоа за време на паузата помеѓу вашите главни вежби, на пример помеѓу сериите склекови и серијата за влечење со кабли. Ова го прави вашиот тренинг многу повеќе ефикасен од аспект на времето и исто така, обезбедува бројот на срцевите отчукувања да остане висок за време на тренингот. Освен што е временски ефикасен, ова е исто така одличен начин да се согорат повеќе калории за време на тренингот.

 

• Стомачни вежби на почетокот на вашиот тренинг за сила или кардио тренинг – Стомачните вежби обично вклучуваат движења на вашиот ‘рбет, а вашиот’ рбет е голема и комплексна целина која се состои од 33 индивидуални коски наречени пршлени. Со правењето на некои стомачни вежби пред почетокот на вашиот тренинг , ќе го олабавите и мобилизирате вашиот ‘рбет , што ќе ви помогне да се осигурате дека вашиот грб е темелно загреан, пред да ги започнете вашите главни вежби. Од друга страна,пак, оптоварувањето на вашите стомачни мускули во почетокот на вашиот тренинг, може да ја намали стабилноста на рбетот потребна за безбедно извршување на клучните вежби, како што се чучњевите или мртвото дигање.

 

 

 Стомачни вежби во посебен ден од вашите главни вежби – ова е одлична опција , ако сте сериозни во врска со вашата намера за добивање на одлични стомачни мускули и т.н. „плочки на стомакот”. Правењето на вашите стомачни вежби пред или по вашата главна сесија е во ред, но времето и енергијата може да бидат ограничувачки фактори . Со посветувањето на неколку мини сесии неделно за вежбање на стомачните мускули ќе ви овозможи:

 

а) да имате повеќе време за вашите главни вежби и

б ) ќе ви овозможи да се сконцентрирате 100 % за развој на вашите стомачни мускули и добивање на посакуваните стомачни „плочки”.

 

Доколку се одлучите за оваа опција, задолжително загрејте се неколку минути пред вашиот тренинг, за да се осигурате дека ќе го минимизирате ризикот од повреди.

 

Накратко – постои повеќе од едно ” најдобро време ” за вежби на стомачните мускули – тоа најмногу зависи од она што вам ви е потребно и од она што вашиот личен инструктор смета дека е најдобро за вас.

 

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.