Состојки:

  • 2 филџани ореви
  • 2 филџани урми
  • лажичка цимет

  • ½ филџан какао

Подготовка:

  1. Оревите измиксајте ги ситно во блендер. Додајте им ги циметот, какаото и половина од урмите (крупно исецкани).
  2. Продолжете да ја миксате смесата и притоа постапно додавајте ги останатите урми. Миксајте додека не добиете една компактна смеса (ќе треба да миксате околу 5 минути).
  3. Добиената смеса ставете ја во калап и оставете ја неколку часа во фрижидер да се стегне, за да можете да ја сечете на коцки.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина