Нередовните, обилни оброци со нездрави намирници можат да предизвикаат дијабетес тип 2. Оние кои генетски се склони кон добивање на оваа болест, мора да внимаваат што јадат, колку јадат и кога јадат. И, да се движат повеќе.

Од дијабетес тип 2 најчесто заболуваат жените, и тоа најчесто по 40-та година од животот, иако во денешно време оваа болест не е реткост и кај помладите генерации и адолесцентите. Се работи за хронично системско нарушување на метаболизмот, кое се карактеризира со хипергликемија, односно зголемено ниво на шеќер во крвта кое настанува како последица од дефектот во лачењето на инсулин и неговото дејство. Генетската основа многу влијае на појавата на дијабетес, но голем уддел има и стилот на живеење.

Некогаш луѓето дневно внесувале дури 3500 калории, а немало толку болни од дијабетес. Но, тие физички многу работеле, па немало метаболички проблеми. Денес, внесуваме 2100 калории дневно, премногу седиме и организмот ни зе задушува со вишок на калории.

Еве кои се трите основни навики за заштита од оваа подмолна болест.

 

1.Исфрлање на индустриската храна

 

Некогаш храната била богата со нерастворливи влакна, застапени само во намирниците кои не биле индустриски. Тие влакна ги врзуваат простите шеќери, полека ги испуштат во организмот, панкреасот не доживува никаков стрес и организмот функционира нормално. Современата храна, која е направена така шпто да и се допаѓа, во себе не содржи амортизирачки влакна, па шеќерите нагло продираат во крвотокот и организмот доживува шок. Панкреасот мора да реагира нагло на тоа и да лачи инсулин. Тоа го исцрпува и него и целиот ендокринолошки систем, па настануваат метаболички проблеми кои доведуваат до дијабетес тип 2.

2. Без прескокнување на оброците

Нередовните оброци и земањето храна помеѓу нив исклучително го оптоварува организмот, кој не знае како да го елиминира вишокот енергија, бидејќи сме физички целосно неактивни. Вишокот шеќери се претвора во масти, па покрај зголемено ниво на шеќер расте и нивото на масти во крвта. Овој вишок на масти оксидира и станува отровен, оранизмот не може да се ослободи од него, го таложи во организмот, па затоа има епидемија на дебели луѓе. Голем дел од мастите организмот ги уфрла длабоко во крвните садови и тоа е фазата кога дијабетичарите имат и зголеме крвен притисок покрај зголеменото ниво на шеќер во крвта и маснотиите.

Поради лесните симптоми на дијабетесот тип 2, тој честопати минува незабележлив, па многумина луѓе не ни знаат дека се заболени од него. Се проценува дека на секоја заболена личност доаѓа по една која не знае дека боледува од дијабетес. Се открива случајно, кога вќее има компликации, како што се болести на срцето и крвните садови, болести на очите, бубрезите и на нервниот систем. Според СЗО, веќе во мигот на откривањето на дијабетес тип 2 кај болниот постојат една или повеќе подоцнежни компликации како: ангина пекторис, инфакрт на миокардот, мозочен удар, дијабетско стапало, ретинопатија, невропатија и нефропатија.

 

3. Правење самостојни тестови

На првите знаци на дијабетес – зголемено чувство на жед, зголемено чувство на глад, често мокрење, губење од телесната тежина, необјаснив замор или сувост на устата – треба веднаш да се реагира и да се појде на доктор, кој ќе направи основни тестови за дијагностицирање на дијабетес. Се одредува вредноста на гликоза во крвта и се прави тест за орално оптоварување со гликоза, одредување на глукозиран хемаглобин (HbA1c) и преглед на урината. Охрабрува фактот што со примената на превентивните интервенции, добра контрола на болеста и унапредување на квалитетот на здравствената заштита, може да се намали заболувањето и умирањето од дијабетес. Релативно малите промени во стилот на живеење, вклучувајќи го усвојувањето на правилната исхрана, зголемената физичка активност и одржувањето на нормалната телесна температура, го намалуваат ризикот од појавата на дијабетес за повеќе од 50%.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина