Состојки:

  • 2 филџани шеќер
  • 50 гр. растопен путер
  • 2 филџани брашно
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 2 лажици какао
  • 1 прстофат сол
  • 1 филџан млеко
  • 1 лажичка ванилин шеќер

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 150 степени целзиусови. Путерот растопете го во сад и оставете го да се олади. Кога ќе се олади, се мати пенесто со шеќерот и со 1 лажица млеко. Сувите состојки измешајте ги заедно и додадете ги во оваа смеса со преостанатото млеко. Матете уште 2 минути. Истурете ја во претходно подмачкан со масло плех и печете околу 35 – 40 мин. Извадете го колачот и оставете го да се олади.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина