Киселата детелина (лат. Oxalis acetosella) е повеќегодишно зимзелено растение од 5 до 12 см висока. Листовите и се во облик на тролист, а цветовите се многу мали, бели или пак бледорозови по боја.

На ова растение му годи квалитетна земја и може да го збогати тлото на кое ратсе Успева во зимзелени и листопадни шуми, а се почесто го има и во градините и жардинериите. Тлото го прекрива како тепих. Цвета кон крајот на пролетта, а за лекување се користат само неговите листови, кои се најлековити. Се берат пред дождовите, а сушење не се препорачува.
Киселата детелина помага против проблеми со варењето, воспаление на бубрезите и осипи на кожата. Народната медицина ја користи и во терапијата на Паркинсоновата болест и разни видови тумори.

 

Чај: Голема лажица свежи листови кисела детелина се прелеваат со половина литар врела вода. Се поклопува и се остава да отстои 20 минути. Чајот се пие оладен, една до две шолји на ден.

Свеж сок против малигни заболувања: Листовите од кисела детелина се мијат и се цедат во соковник. Три до пет капки од овој сок се ставаат во вода или чај и се пие на секој час.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина