Не постојат толку многу растенија кои се толку отпорни како квиноата – високо нутритивно е, богато е со протеини, минерали и има многу добар баланс на аминокиселините.
Киноата, светата ,,мајка на житарките,, во древната цивилизација на Инките, може да стане намирница во иднината благодарение на откривањето на неговите генетски тајни. Научниците го мапирале геномот на киноата и го идентификувале генот со кој можат да манипулираат со цел да се отстрани природниот горчлив вкус на оваа житарка и да се отвори патот за ширење на нејзината комерцијална употреба.

Киноата добро ги поднесува тешките услови и расте на тло кое има лоши квалитети, на високи надморски височини и на студени температури, што значи дека може да се одгледува на места на кои други житарки, како пченицата или оризот, тешко би можеле да успејат.

Ботаничарот Марк Тестер, од Научно-технолошкиот факултет, во Саудиска Арабија, издвоил ген од киноата кој предизвикува производство на сапонини, хемиски соединенија кои и го даваат горчливиот вкус. Тоа сознание може да озвоможи одгледување на киноата без сапонини и проиводство на послатко семе. Сега киноата по жетвата се натопува и се суши за да се остранат сапонините.

Сепак, оваа житарка е високо нутритивна, нема глутен во себе, богата е со протеини, минерали и витамини и, што е најважно, има многу добар баланс на аминокиселините, што е необично за една житарка.

Киноата може подеднакво да се користи и како оризот и како пченицата. Може да се свари како посебен оброк, може да се претвори во тестенина, да биде додаток во супи, да се јаде како житарка или да се ферментира за производство на пиво. Ова растение им било свето на древните Инки. За време на освојувањето на Јужна Америка, пред 500 години, шпанските конквистадори забраниле да се одгледува, бидејќи автохтоните луѓе го користеле во верски свечености. И, ги терале Инките на негово место да одгледуваат пченицаНо, со трендот на ширење на здравата исхрана, неговата популарност почна да расте и на западот.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина