Кинезиотејпинг е техника која се состои од поставување на еластична, самолеплива лента на кожата, со цел постигнување благопријатни ефекти во мускулно – скелетниот систем и внатрешните органи. Во својата суштина се темели на кинезиологијата, науката за движењата и за механизмот на движење на телото.

Кожната стимулација не предизвикува само терапевтски ефект, туку се манифестира и во подлабоките слови на скелетно – мускулниот систем. Мускулите не ги одредуваат само телесните движења, туку тие ја контролираат и васкуларната и лимфната циркуација, како и телесната температура, така што промените во функциите на мускулите предизвикува разна симптоматологија. При повреди на мекото ткиво и болки во зглобовите ,,хит,, во светот, а во последно време и кај нас, е кинезотејпинг терапијата, односно терапијата со лепење специјални еластични ленти на површината на кожата, а нивен изумител е Кензо Касе, хиропрактичар и акупунктуролог. Тој вели дека тие помагаат во тоа телото само од себе да се излекува. Оваа метода, која до неодамна ја користеа само спортистите при лекувањето, за ,,обичниот свет,, стана достапна при преносите на разни спортски натпреварувања, па така денес шарените ленти се користат во секојдневното лекување на болните.

 

kineziotejping1
Кенсо Касе вели дека тајната на лентите не е во тоа што тие не содржат лекови или хемиски средства, туку во тоа што со нив се поддржуваат мускулите и целата структура на телото. Методот подразбира лепење на лентите, чија структура е слична со онаа на кожата, на одредени делови од телото, со што се предизвикува реакција во подлабоките ткива. На овој начин се поттикнува телото самото да се излекува, така што од подлабоките ткива понатаму минува и на нервните завршетоци, а тоа ја намалува болката и води до излекување.
Давајќи им поддршка на мускулите и следејќи ги движењата на телото, овој метод му помага на телото да се излекува само од себе”, вели Касе и додава дека со помош на лентите се подобрува циркулацијата и се ,,поправаат,, односите помеѓу меките ткива и зглобните структути. Методот најчесто го примнуваат физиотерапевтите, физијатрите и ортопедите. Се спроведува и во државните и во приватните здравствени установи, а препознаена е и од страна на Фонда. Пред некој да се реши да се занимава со овој метод, постои училиште во кое кандидатите се обучуваат за да ги совладаат принципите на оваа техника.

Техника на невромускулен тејпинг

За разлика од традиционалниот, нееластичен тејпинг, овој тејпинг се темели на концептот на олеснување на мускулните и кожните движења, со цел да се постигне биомеханички, терапевтски ефект врз третираните зони. Овде лентата е водоотпорна и со своите микро движења ги стимулира кожните и поткожните рецептори, стимулирајќи го нервниот систем кој го условува мускулниот рефлекс. Освен тоа, лентата со помош на кожната стимулација го редуцира лимфниот и крвниот застој, ја подобрува локалната микроциркулација и го олеснува намалувањето на отокот. Таа всушност, преку набирање на кожата го зголемува меѓупросторот и ја подобрува циркулацијата и впивањето течности, намалувајќи го на тој начин притисокот во поткожниот слој.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина