Освен што нашето тело е конструирано да содржи лимфен систем, нервен систем и уште многу други системи, исто така постои и енергетски систем на меридијани. Овие меридијани се канали кои, за разлика од крвните садови, влијаат на телото и на размената на супстанциите со помош на енергијата која протекува наместо крвта. Овој кинески биолошки часовник може да ни ги покаже интервалите во кои енергијата циркулира низ телото – најсилното ниво на енергија во областа на телото на секои два часа. Ако постојат проблеми во таа област, симптомте се воочливи.

Постојат вкупно 12 меридијани, а секој еден од нив му припаѓа на значаен орган. Тоа се белите дробови, дебелото црево, стомакот, слезината, срцето, тенкото црево, мокрачното бабуле, пределот околу срцето, бубрезите, дванаестпалачното црево, жолчната ќеса и меридијаните на црниот дроб. Според Јинг и Јанг, тие се поделени на шест јина и шест јанг меридијани. Јин меридијаните им припаѓаат на органите кои собираат, складираат и ги обработуваат материјата и енергијата: црниот дроб, белите дробови, срцето, бубрезите и пределот околу срцето.

Јанг меридијаните ги вклучуваат органите кои ги разменуваат и ги излачуваат енергијата и материјата: дебелото црево, желудникот, тенкото црево, мозчното бабуле, дванаестпалачното црево и жолчната ќеса.

Според кинеската медицина, меридијаните работат 24 часа и се поделени во два интервали по 12 часа. Секој меридијан го достигнува својот врв кога спротивниот меридијан е на ниско енергетско ниво.

Еден кинески доктор прво го прашува својот пациент во кој дел од денот се појавиле симптомите. Според тоа може многу лесно да се одреди од каде потекнува проблемот, односно дали се јавуваат проблеми на местото на кое енергијата циркулира или онаму каде што има премногу енергија.

Најдобро е да се следи биолошкиот часовник и да се запишува времето кога се појавиле симптомите. Исто така, обратете внимание на делот од денот кога имате најмногу енергија и на времето кога се будите навечер. Тоа ви кажува дека постои проблем во одреден дел од телото.

kineski-casovnik1

Време на максимална функција

1:00 – 3:00 – црн дроб (детоксикација, мускули и очи)
3:00 – 5:00 – бели дробови (кожа)
5:00 – 7:00 – дебело црево (асимилација, елиминација, кожа)
7:00 – 9:00 – стомак (лимфа,варење на храната)
9:00 – 11:00 – слезина, панкреас (лимфа, варење на храната)
11:00 – 13:00 – срце (артерии, циркулација на крвта)
13:00 – 15:00 – тенко црево (варење, асимилација, артерии)
15:00 – 17:00 – мочно бабуле (коски, заби, елиминација, чистење)
17:00 – 19:00 – бубрези (коски, заби, уши, филтрација, елиминација)
19:00 – 21:00 – срцев слој (стеснување на крвните садови)
21:00 – 23:00 – дванаестпалачно црево (терморегулација)
23.00 – 01:00 – жолчно ќесе (варење, мускули, очи)

Време на минимални функции или одмор

01:00 – 03:00 – тенко црево (варење, асимилација на артериите)
03:00 – 05:00 – мочно бабуле (коски, заби, чистење, елиминација)
05:00 – 07:00 – болести на бубрезите (коски, заби, уши, филтрација, елиминација)
07:00 – 09:00 – срцев слој (стеснување на крвните садови)
09:00 – 11:00 – дванаестпалачно црево (терморегулација)
11:00 – 13:00 – жолчно ќесе (варење, мускули, очи)
13:00 – 15:00 – црн дроб (детоксикација, мускули и очи)
15:00 – 17:00 – бели дробови (кожа)
17:00 – 19:00 – дебело црево (асимилација, елиминација, кожа)
19:00 – 21:00 – стомак (лимфа, храна и варење)
21:00 – 23:00 – слезина, панкреас (лимфа, варење на храната)
23:00 – 01:00 – срце (артерии, циркулација на крвта)

Еден меридијан го постигнува своето највисоко ниво на енергија точно тогаш кога оној другиот на спротивната страна и има најниско ниво на енергија. На пример, земете го црниот дроб: неговото највисоко ниво на енергија е помеѓу 01 и 03 часот наутро, додека тенкото црево тогаш е на најниско енергетско ниво. Кога јадете доцна и си легнувате, храната не се апсорбира добро во тенкото црево, така што морате да одбегнувате одредени активности кога енергијата на телото е на најниско ниво.

За време на максимална активност вклучени се сите функции. Во случај на заболувања, вишокот енергија кој го оптоварува системот ќе ги покаже симптомите, и тоа точно на време кога би се намалил тој вишок на енергија.

Ако органот покажува слабост во текот на максимална енергија, токму во тој миг би требало да зајакне. Покрај овој час, природната медицина има многу други решенија кои можат да помогнат со недостигот на енергија, како што се акупунктурата, хомеопатијата и т.н.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина