Кефир е густ млечен напиток кој се состои од јаглеродна киселина (H2CO3) и етилен алкохол (C2H5OH) и потекнува од подрачјето на Кавказ. Со него драстично се намалува апетитот, што повторно се олеснува процесот на слабеење. Кефирот делува поволно врз микрофлората на гастроинтестиналниот тракт. Ги неутрализира и отстранува од организмот сите оние отрови кои се формираат како резултат на разложување на храната во цревата. Делува антибиотички и ублажува воспаленија, го кочи развојот на метастазите, има поволно влијание врз имунолошкиот систем, помага за подобра циркулација ги лекува болестите на срцето, ги лекува болните бубрези и уште многу други здравствени поволности.
Постојат два начини за губење на вишокот килограми со помош на кефирот. Едниот начин е слабеење на подолг временски период, со помош на кој се губат по 4 – 6 килограми месечно кај помалку дебелите луѓе, кои сакаат само да ја нормализираат својата тежина.
И втор, за губење на вишокот килограми кај претерана дебелина, кога за два месеца можат да се загубат дури 25 килограми! И двата начина се исправни и не се штетни по здравјето.
За да се ослабне, треба да се пие кефир секој ден, половина час по секој оброк по 100 мл. Еднаш до два пати во неделата корисно е да се направат рестриктивни денови на база на кефир – да се пијат по 1 – 1,5 литри кефир во текот на целиот ден. Доколку ваквиот начин ви е напорен, рестриктивниот ден треба, покрај кефирот, да вклучува и јаболки и круши.

Мени за посен ден:

Прв појадок (09.00-9.30): јаболко (сирово или печено) и чаша кефир
Втор појадок (10.00-11.30): круша, јаболко и чаша кефир
Ручек (13.00-14.00): чаша кефир и парче црн леб
Вечера (17.00-17.30): салата од една круша и јаболко (или изрендано јаболко и морков), прелиени со кефир.
Еден час пред легнување се пие по една чаша кефир со лажичка мед.
Со цел намалување на телесната тежина на овој начин, ваквиот начин на исхрана трае 20 дена. После се прави пауза од 10 дена и повторно се продолжува. Ваквата диета може да се практикува во текот на цела година, односно додека не се постигне посакуваната тежина. Вредноста од неа е во тоа што се нормализира цревната флора, се елиминира холестеролот, а хормоните и метаболизмот се враќа во нормала. Резултат – целосно нормализирање на тежината. Нутриционистите тврдат дека лесно ќе го загубите вишокот килограми, ако го ограничите вносот на солена, масна храна и производи од бело брашно.

Слабеење кај претерана дебелина

Кај овој вид на исхрана, покрај користењето на кефир, се почитуваат и одредени правила: една недела обична исхрана, па повторно една недела диета, па повторно една недела обична исхрана и т.н.
Пред започнување на диетата, следи рестриктивен ден (1 литар до 1,5 литар кефир да се пие во текот на цел ден). По првата недела, се преминува на обична исхрана, која трае една недела. Се ограничува консумирањето на слатка, масна и скробна храна. Потоа повторно една недела е диета. При обичната исхрана, треба да се придржувате до распоредот земање на оброците по часови. Оброците се делат на 6, кои се земаат во точно ист временски период, се до 18.00 часот. По 18.00 часот не се јаде ништо. При напад на глад може да се испијат дополнителни 100 мл. кефир. Покрај ограничувањата во исхраната, се ограничува и внесувањето на течности за време на неделната диета. Не се пијат повеќе од 0,5 литри вода, освен на петтиот ден од диетата (тогаш треба да се испијат 0,5 литри минерална негазирана вода).

План на диетата:

Наведената храна се дели на 4 дела, а кефирот на 5 порции. Последната порција кефир се пие еден час пред спиење.
1 ден: 400 гр. варен компир без сол и 0,5 литри кефир
2 ден: 400 гр. немасно сирење и 0,5 литри кефир
3 ден: 400 гр. овошје (освен банани и грозје) и 0,5 литри кефир
4 ден: 400 гр. варени пилешки гради без сол и 0,5 литри кефир
5 ден: 400 гр. овошје и 0,5 литри кефир
6 ден: 1,5 литри негазирана минерална вода
7 ден: 400 гр. овошје и 400 мл. кефир
Со научни истражувања врз групи на волонтери, било забележано намалување на масата на телото на 8 – 10 кг. за 2 недели, и просечно околу 25 килограми за 2 месеца.

Она што треба да се знае пред започнување на оваа диета и првиот начин на исхрана со кефир:
Треба да се започне со 100 мл. кефир дневно и постепено да се зголемува оваа количина, додека не се навикне организмот. Во првите 10 – 14 дена, се зголемува активноста на цревата, кое се манифестира со зголемено испуштање гасови, почести столици и промена на бојата на урината. Но, тоа е нормална реакција, знак дека започнал процес на чистење и детоксикација на организмот. По десеттина дена престанува реакцијата на организмот и доаѓа до подобрување на општата состојба. Кефирот не смеат да го пијат трудниците и оние кои имаат нетолеранција на млечни производи. Оние со зголемена киселина треба да обратат внимание и да пијат кефир кој отстојал 12 часа. Доколку се земаат лекови, се прави пауза од 3 часа меѓу земањето на лековите и кефирот. При консумирање на кефир не треба да се пие алкохол.

Тагови: диетакефир
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина