Состојки:
  • 1/2 филџани чиа семе
  • 1/3 филџани ленено семе
  • 1 домат
  • 1 лута пиперка
  • сол
  • по желба 1/2 виолетов кромид
  • 1/2 лажичка ким
  • 1/2 лажичка црвен пипер
  • 1/2 лажичка мелен црн пипер
Подготовка:

Смелете ги на суво семето од лен и чиа семето во блендер. Додајте ги исечениот домат и зачините. Обработете ја смесата така што да биде хомогена за да може да се обликува убаво. На штица за сечење исечете ги ситно лутата пиперка и, по желба, кромидот и додадете ги во оваа смеса. Се исмешајте со дрвена лажица и оставете ја смесата да отстои половина час за убаво да се соединат вкусовите. По половина час, намокрете ги рацете со вода и почнете од смесата да ги обликувате ќебапчињата и наредете ги врз хартија за печење. Печете ги на тивок оган околу 20 минути.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина