Многумина не се склони навреме да одат на доктор и ги игнорираат симптомите на сериозна болест. Кашлицата е еден од тие симптоми, а нејзиното траење може лесно да ви открие за каков проблем се работи. Дали кашлицата е болест е сама по себе, како се лекува, кога треба, а кога не треба да се пијат антибиотици и кои сирупи се најдобри.

Кога ќе почнеме да кашламе, прво помислуваме дека сме настинале. Ако е само тоа, тогаш болеста е безопасна и ќе помине без лекови. Но, што кога не е настинка? Имено, кашлицата е често симптом на грипот и на разни други болести кои бараат терапија. Затоа, немојте ни случајно да ја лекувате на своја рака, бидејќи тоa може да биде контрапродуктивно. Постојат видови кашлици кои лековите само дополнително ги влошуваат, а постојат и такви каде тие се неопходни. Каков лек ви треба може да одреди само доктор, и тоа врз основа на исцрпен опис на вашиот тип на кашлица и сите симптоми кои ја следат. Притоа е важно да се следат овие 6 состојби:

1. Настинка или грип 1 до 2 недели

Класична продуктивна кашлица проследена со течење на носот, воспалено грло, главоболка и покачена температура најчесто е последица од настинка или грип.

2. Бронхитис до неколку недели

Кратка и испрекината кашлица која тешко се смирува се еден од знаците за бронхитис. Започнува лесно, па често немате чувство дека се работи за потешка болест, како што е бронхитис, туку само настинка, но по некое време се развива во тежок облик на болна кашлица, пропратена со искашлување слуз во разни бои, од кафеава до зелена и жолта. Задолжително треба да појдете на доктор за да утврдите дали бронхитисот е предизвикан од бактериска инфекција, бидејќи во тој случај ќе ви треба лекување со антибиотици.

3. Воспаление на белите дробови до еден месец

Кога белите дробови ќе се инфицираат поради вируси, бактерии или габи, се појавува силна кашлица проследена со отежнато дишење, односно со губење на здивот. Ако притоа се искашлува безбојна слуз, се чувствува замор и болниот има лесна покачена температура, најверојатно се работи за воспаление на белите дробови.

kaslica2

4. Астма хронична кашлица

Кај астмата се стеснуваат дишните патишта и имаме појава на воспаление. Болниот тешко дише, чувствува стегање во градите и т.н. ,,свирење,, во белите дробови, проследено со напади на сува кашлица. Белите дробови имаат подобар проток на воздух во текот на денот и доцно попладне, па до ваква кашлица доаѓа наутро, навечер или во текот на ноќта.

5. Гастроезофагеален рефлукс – хронична кашлица

Киселините кои од нашиот желудник одат во хранопроводникот можат да поттикнат сува кашлица. Тоа често се случува по обилен оброк или кога ќе прилегнеме, бидејќи тогаш киселините слободно патуваат. Ако кај себе забележите поврзаност помеѓу желудочните проблеми и кашлицата, обратете се на доктор, бидејќи имате проблем со рефлуксот и внимавајте на храната која ја јадете пред спиење, бидејќи таа го влошува.

6. Болест на штитната жлезда – хронична кашлица

Не следи упорна сува кашлица, а докторите не можат да ја утврдат причината за вашиот проблем? Проверете ја состојбата на штитната жлезда, бидејќи кашлицата е еден од честите симптоми поврзани со проблемите со оваа жлезда. Посебно ако е проследена со чувство на стегање, болка во грлото или гушење.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина